Реклама
Коса

Coiffé Décoiffé – популарна техника поради која Французинките не ја мијат косата со денови

Реклама

Творец на оваа фризура е познатиот стилист на Диор и личен фризер на Брижит Бардо кој оваа техника ја патентираше во далечната 1949!

Имено станува збор за фризер кој се појави во 40-тите и 50-тите години на минатиот век кога во светот на убавината главен збор го имаа дамските фризури, па неговото појавување ја започна малата европска револуција. Тогаш наместо елегантните совршени фризури какви најчесто носеа познатите дами од двете страни на барата, талентираниот фризер Жак Десанж заговара природен изглед на косата, а неговите клиентки добиваат третман поради кој секогаш повторно му се враќаат, а кој и ден-денес се применува во познатите салони „Dessange“ ширум Франција. Во прашање е техника во која косата најпрво добро се шампонира, што подразбира подеднаква нега и на влакната и на скалпот и тоа со шампон и маска за коса кои се со внимателно избрани состојки, од кои повеќето се „custom made“. 

Маркетинг

Додека косата се мие, главен фактор е масажата на главата. Потоа следува фенирање, кое воедно е и клучно во таканаречената „coiffé décoiffé“ техника.

Маркетинг

Проблемот е во тоа што само искусен и вешт фризер може да ја примени оваа техника на вашата коса и таа да изгледа уредно, природно, со волумен и „messy“ во исто време.

За долготраен ефект пред фенирање треба внимателно да се користи пена за коса – само на краевите или до половина на целата должина.

Според Французинките, ако носите паж или коса малку подолга од рамениците, оваа фризура можете да ја задржите и до шест дена и тоа без да „глумите“, односно без да користите шампон за суво миење. Единствениот проблем е во тоа што треба да го најдете вистинскиот фризер/ка во Македонија каде ќе можете да ја пробате оваа француска техника.

А ако веќе знаете таков салон, слободно пишете ни го во коментарите …

Извор: Elle.rs

Поврзано

Back to top button