Овие необични чизми за едни се најодвратниот, а за други најпопуларниот тренд – погледнете како ги носи Ева Заева
Овие чизми беа хит и пред да дојде есенската сезона
Нема девојка што не ги сака во своите плакари, а одлично стојат како со панталони така и со кратки здолниште и фустани. Да појасниме, мислиме на чизмичките со високи потпетици што тесно се издигнуваат над глуждот и кои имаат амбиција визуелно ги издолжат вашите нозе. Чизмите во целост се обложени со тенок и мек материјал кој им овозможува да изгледаат како чорапи додека ги носите. Овие чорапи-чизми најпрво ги носеа Кардашијанките и додека некои се згрозуваа, многумина препознаа нов тренд во нив.
И денес не постои блогерка, трендсетерка или ѕвезда, па дури и обични фенси девојка која нема ваков пар во своите плакари. На располагање ни се од оние плитки варијанти се до модели кои се простираат над колената, а можете да ги најдете во најразлични нијанси.
Црните секако се најпопуларни и важат за еден од најбараните модели за оваа сезона бидејќи одат со сé и на сите им стојат убаво, а токму еден таков модел неодамна носеше и Ева Заева која важи за една од најпознатите Македонки на Инстаграм.
Па, што велите за овој тренд што го фура Заева?