Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Подобрете си го љубовниот живот така што ќе го откриете љубовниот стил на секој хороскопски знак!

Реклама

Секој хороскопски знак има свој посебен „љубовен потпис“ кој зборува на кој начин сака и како сака да ја почувствува возвратената љубов. Во продолжение прочитајте како да го одредите својот љубовен стил и вашата романтична перспектива.

Овен

Страст и топлина е вашиот љубовен стил. Ако некој ви се допаѓа, нема да мирувате и ќе преземете многу работи со цел да ја освоите таа личност. Вие сте храбри во односите и на другите луѓе им давате до знаење како стојат работите.

Бик

Вие сте сензуални, делувате полека и секгоаш точно знаење што сакате. Вашата љубов е приземјена, вие сте трпеливи и верни во љубовта, а сакате и партнер кој тоа ќе го почитува.

Маркетинг

Близнаци

Во љубовта најмногу ја вреднвуате менталната поврзаност. За вас интересната кавга е најдобар афродизијак, затоа што ја цените интелигенцијата и паметот повеќе отколку што било друго.

Рак

Вие сте интуитивни, а најмногу сакате да бидете во можност да ги споделите своите чувства со партнерот и имате чувство на поврзаност и разбирање. Во љубовниот однос сакате да се грижите за личноста која ја сакате. Грижливи сте и му пружите голема поддршка на својот партнер.

Маркетинг

Лав

Вие сте креативни и вам ви е потребна ви е страст во љубовта. Сакате да се забавувате, а најмногу мразите да се досадувате. Вашата природа бара да бидете во центарот на вниманието на својот љубовен партнер, или наскоро ќе го изгубите интересот за него.

Девица

Вие сте аналитична личност, а понекогаш вашиот непостојан менталитет бара вашиот партнер да ви покажува колку ве сака. Сакате редовни вермални потсетници кои ќе ви дадат до знаење дека сте почитувани. Кога примате љубов, вие и безрезервно ја давате.

Вага

Романтични сте и друштвени, секогаш размислувате како на најразлични начини можете да му угодите на свјот партнер. Важно ви е да немате расправии затоа што сте желни за хармонија и стабилност.

Скорпија

Вашата емоционална интензивна природа бара длабока и силна врска со вашиот љубовен партнер. Доколку воочите површност, вие го губите интересот, сакате да се нурнете под површината и да ја истражувате тајната страна на вашиот партнер.

Стрелец

Во љубовта барате различност и авантура. Вие сте ентузијасти и сакате да ги истражувате своите чувства, но најдобро функционирате во врска каде можете да имате доста слободен простор да истражувате непознати територии.

Јарец

Вие сте верен љубовник и ја истражувате својата емоционална состојба повеќе од кој било знак. Вие сакате вашиот партнер да се чувствува сигурно, да има што му е потребно и да му биде пријатно.

Водолија

Во љубовта за вас особено се значајни слободата и индивидуалноста. Вие сте инвентивна личност и верен партнер кој секогаш има да понуди нешто ново. Кога имате простор – бидете она што сте!

Риби

Вие сте чувствителни и полни со љубов. Имате на партнерот да му понудите многу грижа и внимание, но потребна ви е личност која ќе ви покаже и ќе ви докаже дека без страв можете да го отворите своето срце.

Поврзано

Back to top button