Овој модел е мошне популарен оваа сезона
Демна Гвасалија, талентираниот грузиски дизајнер кој во моментот ги предводи модните куќи Balenciaga и Vetements веќе неколку сезони е на самиот врв меѓу дизајнерите кои ги диктираат новите трендови. Откако меѓу познатите ИТ девојки успеа да им го подметне како кул и тренди сето она што до неодамна беше незамисливо да биде во тренд (DHL маиците, големите торби за шопинг, скинатите, па повторно сошиените фармерки) на ред стигнаа и овие авангардни високи потпетици кои во моментов ги обожаваат голем број трендсетерки.
Овие фармерки се вистински хит во светот на уличната мода >>
Тие се поприлично високи и гломазни и истите се естетски впечатливи (и на прв поглед изгледаат потполно непрактични за одење) и за многу кратко време од продавниците на Balenciaga се проширија низ улиците од сите поголеми метрополи, па сега останува само уште да ги видиме и на полиците во познатите хај-стрит брендови.
Премини на следната страна >>