Реклама
Коса

Нова фризура која го освои Инстаграм и која сите сакаат да ја носат

Реклама

Нова техника која ќе го освои Инстаграм и која и самите ќе посакате да ја испробате

Новата ИТ фризура која полека но сигурни го освојува Инстаграм ни носи сосем ново и поинакво издание на слоевито потскратени фризури. Станува збор за „ghost layers“ – техника зад која што се кријат вештите раце на фризерот Рамон Гарција. Иако на прв поглед не се разликува многу од суптилното издание на „shaggy“ слоевитиот рез кој ги засакавме повторно во последните неколку сезони, веќе вториот поглед на оваа ИТ фризура ја открива посебноста и генијалноста на техниката за шишање за која ви зборуваме.

Маркетинг

 

Маркетинг

Имено, тајната на „ghost layers“ фризурата се крие во спојот на динамичноста и текстурата која се внесува во косата, истовремено создавајќи илузија дека се работи за едноставен равен рез. Таа е одличен избор за секоја должина на косата, а ќе им биде омилена на оние кои сакаат да ја задржат должината на својата коса, но истовремено сакаат да и ја одземат тежината и да додадат прозрачност за топлите месеци кои се пред нас. Самата техника на потстрижување со која се постигнуваат овие речиси невидливи слоеви е тешка за да се опише, поради што Рамон на својот Инстаграм профил објави кратко видео во кое го демонстрира начинот на потскратување и претстави бројни фотографии од нејзиниот ефект на косата на своите задоволни клиентки.

https://www.instagram.com/p/BYtEeMtnBy7/?utm_source=ig_embed

 

Па погледнете го видеото и фотографиите од новата ИТ фризура која ќе биде хит оваа пролет …

https://www.instagram.com/p/BdBNFwkngKd/?utm_source=ig_embed

 

Поврзано

Back to top button