Ова беше хит во 90-тите, а денес го носи и една од најпознатите блогерки на Балканот
За овој моден додаток веќе ви пишувавме, но сега погледнете како го носи една од најпознатите модни блогерки на Балканот.
Станува збор за кожниот ремен од познатиот дизајнерски бренд Gucci кој беше хит во 90-тите и кој досега имавме прилика да видиме како го носат бројни познати трендсетерки (види тука), а овој пат ќе ви прикажеме како го фура Зорана Јовановиќ, една од најпознатите блогерки во регионот. Таа го носи во комбинација со краток шорц и тренди бомбер јакна, на едната фотографија, додека на другата го носи со кратка сива блуза со долги ракави. Па, доколку и вие сакате да биете во чекор со трендовите ве советуваме да изберете ваков ремен кој дефинитивно важи за маст-хев моден додаток за оваа сезона.
Можете да изберете и некоја слична варијанта од продавниците на познатите комерцијални брендови кои што ги има и во Македонија, а како тие изгледаат и како ги носат девојките како Кендал Џенер, Роси Хантингтон Вајтли и Алекса Чанг погледнете тука.