Бара утеха во постар маж: Сите детали поврзани со новиот љубовник на Анџелина Џоли (фото)

По разводот со Бред Пит актерката Анџелина Џоли конечно пронајде утеха во новата љубовна романса

Како што пренесуваат медиумите убавата актерка е со еден постар маж кој се занимава со трговија на недвижности. Иако се уште не е спремна за посериозна врска ниту пак сака да го претстави на пошироката јавност, Анџелина наводно ужива во неговите прегратки и поддршката што ја добива од него, заедно со своите шест деца.

ADVERTISEMENT

Анџелина и Бред и покрај тоа што сакаат да ја зачуваат приватноста, и двајцата излегуваат и не можат да останат скриени од медиумите. Анџелина на своите пријатели им кажала дека се уште не е подготвена за нова посериозна врска, но во моментот се гледа со еден „маркантен постар маж“, открива анонимен извор за тамошните медиуми.

Од друга страна Бред Пит се уште е сам, иако медиумите со месеци го спојуваат со многу други познати дами, па дури и со неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed