Направени се од природна гума
Легендарните хрватски патики „Стартастки“ од сега можат да се купат и во преубава гумена варијанта која е одлична за „цупање“ по дождливо време. Овој хрватски класик од Борово, оригинално направен од платно, од неодамна стана популарен и во светот така што беше на многу насловни на големи списанија како Voguea, InStylea и New York Times.
Патиките од Bорово кои растураат на светската модна сцена >>
Оваа гумена верзија е нешто повисока, има гумен ѓон, а внатрешноста е од топол материјал кој ќе ви ги грее ноџињата за време на студените денови. Ги има во продавниците на Борово (искрено немаме поим каде е најблиската продавница, и најискрено ве замолуваме да не ги барате истите од нас преку Фејсбук, туку за сите информации обратете се на нивната официјална страница на Инстаграм тука) и се достапни во 5 различни бои.
Голем камбек на популарните халанки од 80-тите >>
Па, дали ви се допаѓаат?