Реклама
Шминка

Кардашијанките добија сериозна конкуренција за нивната козметичка линија

Реклама

Познатите сестри и риалити ѕвезди Кардашијан со нивната козметичка линија „Kardashian Beauty“ го освоија светот, но тие сега имаат вистинска конкуренција која доаѓа директно од нивното семејство.

Откако Кајли Џенер го претстави својот „Kylie Lip Kit“ и во најкраток можен рок ја запали публиката, секојдневно пристигаат свежи новости поврзани со нејзиното се поголемо козметичко царство. Неодамна таа најави ново издание на мат кармини за Валентин кои ќе се продаваат во пакет со моливче, па покрај веќе постоечките предвиде и три нови нијанси, а последната новина е врзана и со промената на името на нејзината козметичка линија од „Kylie Lip Kit“ во „Kylie Cosmetics“. Следствено на тоа, сите веб адреси и сметки на социјалните мрежи добија поинакво име, а логична претпоставка е дека во најскоро време треба да очекуваме и проширување на нејзината козметичка линија со нови производи.

Маркетинг

Од официјалниот сајт на „Kylie Cosmetics“ пренесени се информациите дека по лансирањето на нејзиниот „Lip Kit“ фановите барале уште, а помладата сестра веднаш се фатила за работа како на фановите би им понудила уште поширок спектар на производи кои на секоја ќе им овозможи да постигне совршен Kylie look. Предвидуваме дека во понудата ќе се најдат палети за контурирање, вештачки трепки и лакови за нокти, бидејќи нејзиниот познат Kylie look е препознатлив токму по бронзениот сјај, бујните трепки и долгите налакирани нокти.

Маркетинг

 

 

Поврзано

Back to top button