Реклама
CATWALK

Нов high-street бренд кој треба да го знаете ако ја следите модата

Реклама

Нов комерцијален бренд кој е основан во 2015 и кој веќе котира високo на шопинг листите на познатите ИТ девојки.

Брендот „Staud“ зад кој стои Сара Стаудингер веќе го пронајде својот пат до плакарите на познатите трендсетерки и ИТ девојки како што се Алекса Чанг, Дакота Џонсон и Дакота Фенинг. Сара која е поранешна креативна директорка на популарниот комерцијален бренд Reformation своето искуство во работата во модната индустрија и high street модата го спои со едноставна, минималистичка естетика, која воедно е независна од моменталните трендови, но се уште е модерна, популарна и свежа на модната сцена.

Маркетинг

Па, која девојка не би сакала да ги има овие бајковити фустани во своите плакари >>

Маркетинг

Таа создава класични парчиња на кои им дава нова свежина, кои и покрај тоа што се дел од забрзаниот свет на high street модата и наменети за широката публика, сепак се со промислен дизајн и естетика која се проткајува низ емоциите на главната линија. Бидејќи станува збор за бренд кој се наоѓа на самиот почеток на својата интересна модна приказна, границите на неговиот домет, како и големината на продукцијата се значително помали од оние на познатите комерцијални брендови, но Сара заедно со нејзиниот партнер Џорџ Аугусто со секоја нова колекција се насочени кон опфаќање на се поголема публика и освојување на што повеќе обожавателки на модата со пристапни цени, но промислен дизајн.

Фустани од соништата со кои ќе го освоите секој што ќе посакате >>

Најновата колекција е достапна на нивната интернет продавница, каде покрај облека можете да најдете и интересни модни додатоци.

Облеката што ја носиме секој ден не мора да биде досадна >>

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button