Реклама
Home Sweet Home

Зад овој ноќен бар се крие најневеројатната приказна што сме ја слушнале досега

Реклама

Cova d’en Xoroi

Според легендата еден човек по име Хорои, со потполно непознато потекло еден ден го пронашол своето живеалиште во една пештера на карпи кои се наоѓаат веднаш над морето. По некое време од најблиското село кое често било напаѓано од арамии, исчезнува една млада жена на која и претстоеше мажачка, но не по нејзина волја. Минаа месеци и години, но таа не се врати во селото. Тогаш, еден зимски ден, кога снегот го покри островот, се појавија човечки стапки во снегот. Неколку наоружани мажи тргнаа по траговите кои ги однесоа до пештерата каде ги дочека неочекувана глетка. Во пештерата тие пронајдоа маж, жена и нивните три сина. Беспомошниот Хорои се фрлил во морето, а најстариот син скокнал по него. Мистеријата на неговиот живот така ја проголта синото море, а жената и нејзините два сина мажите ја вратија назад во Алајор, каде продолжија со своите животи. Ова е легендата која е поврзана со едно спектакуларно место „Cova d`en Xoroi“, кое се наоѓа на јужното крајбрежје на островот Минорка, веднаш над кристално синиот Медитеран и во близина на гратчето Кала ен Портер.

Маркетинг

Барот е во типичен медитерански стил, со дрво и бело платно кои создава блажена сенка, но здивот го одзема токму со својата единствена местоположба. Во текот на денот во импресивната пештера со прекрасна глетка се пијат аперативи и нестрпливо се очекува заоѓањето на сонцето, а со доаѓањето на ноќта местото се претвора во одличен ноќен бар.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button