Реклама
Холивуд

Можеби звучи неверојатно, но Никол Кидман и Кајли Џенер делат иста судбина

Реклама

Многумина се изненадени од фотографиите на познатата актерка од почетокот на нејзината кариера

Имено Никол Кидман, една од најпознатите холивудски актерки, своите први улоги ги играше уште во 1983 година, но денес ретко кој би ја препознал на филмските сцени од тоа време.

Маркетинг

Таа на почетокот од кариерата изгледаше потполно различно, а поради тоа многумина ја споредија со Кајли Џенер која исто така се промени за 360 степени откако стана славна. Од фотографиите повеќе од јасно е дека познатата актерка во животот ги користела „благодатите“ на современата медицина, во најмала рака третмани со ботокс што впрочем и самата го има потврдено.

Маркетинг

„Ботокс имам користено само еднаш“ изјави во една пригода актерката, но според фотографиите од нејзините млади денови повеќе од јасно е дека нејзиното лице денес изгледа многу поразлично. Нејзините усни тогаш изгледаа потенко, носот подебел и поразличен, а со тек на време таа се откажа и од својата виткана коса која долги години беше нејзиниот заштитен знак.

Од друга страна Никол наскоро треба да наполни 51 години, а нејзиното затегнато лице кое понекогаш воопшто не изгледа природно, само потврдува дека не ретко се подложува на третмани за подмладување со ботокс.

Што мислите вие?

Поврзано

Back to top button