Познатите девојки имаат нов омилен бренд
Кендал Џенер, сестрите Бела и Џиџи Хадид, па и пејачката Селена Гомез се едни од највлијателните девојки во светот на модата, барем кога се однесува до трендовите, а тоа можеме да го видиме и од следново.
Џиџи во панталони со прорези што ќе ги обожавате >>
Имено, тие во последно време не можат да се одвојат од нивните омилени панталони од брендот „Miaou“ кој се наоѓа во Њујорк. Станува збор за панталони кои во пределот на половината имаат ремен во облик на синџир кој минува низ метални кругови. Ременот всушност доаѓа во неколку варијанти, а меѓу нив се и оние направени од кадифе и свила.
Панталони кои секоја дама треба да ги има во своите плакари >>
Панталоните можат да се најдат за околу 16,000 денари, а најпопуларен е моделот со синџири и карираните, односно моделите со риги.
Па, дали би ги носеле овие панталони?
Најубавите пролетни панталони кои можете да ги најдете низ продавниците во Македонија >>