Реклама
Кариера

Немате работа? Завршете курс и лесно ќе ја најдете!

Реклама

Зарем мислите дека познатите личности во светот, па и кај нас, самите водат грижа како треба да се престават во јавноста?

Маркетинг

Доколку сметате дека тоа е така, тогаш треба да знаете дека сте во голема заблуда. Еве на пример да се потсетиме само на Ким Кардашијан, која веќе неколку пати се најде на листата на најлошо облечен девојки. Тоа се случи само затоа што самата сметаше дека го совладала занаетот на луѓето што се грижешат за нејзиниот имиџ, па без да се посоветува со нив направи неколку кардинални грешки. Или земете ја на пр. модната икона Сара Џесика Паркер. Па Џесика вели дека не знае ниту какви чорапи треба да облече кога треба да облече фармерки, ако за тоа не се посоветува со нејзините стилисти. За косата, фенирањето и за други „сложени“ операции воопшто и да не зборуваме. Џесика во едно интервју призна дека по дома постојано е во фармерки и тренерки и дека никогаш не научила како се фенира коса. Единствено што знае е разбушавените прамени да ги врзе во обично коњско опавче и толку!

Верувајте дека по ова не се разликуваат ни нашите познати личности, кои најчесто се од музичката сцена или пак, се политичари, па не ретко ги гледаме нивните лапсузи токму затоа што не се посоветувале со македонските модни гуруа. Како и да е, во последно време ситуацијата и кај нас се менува, и тоа во позитивна смисла, па голем број естрадни ликови, како и самите политичари, имаат свои стилисти кои се грижат за нивниот изглед, како и омилени фризери и шминкери.

Маркетинг

 

Е сега, за да станете еден од познатите ликови како што се на пример на светско ниво Патриша Филд, Рејчел Зое, најпрво ви треба да почнете од некаде, нели? Особено ако знаете дека хонорарите на овие работници воопшто не се мали, а и кај нас од тоа може пристојно да се заработи. Но, сигурно се прашувате од каде да почнете? Па, еве ви еден предлог за тоа!

Во Скопје веќе со години постои академија Авангард која има развиено програма за стручна едукација на фризери и шминкери по најнови светски стандарди. Тука вие треба да ги научите основите, каде ќе поминете на основна обука за фризери, која се одвива во постепено поделена програма за полесно воведување на учениците во областа на фризерското занимање. Обуката се одвива четири месеци во кои се овозможува да стекнете комплетно знаење, потребно за самостојна работа.

Курсот се состои од пет степени од кои секој степен е со различна тема на обука. Секој степен се состои од 48 школски часа (12 работни дена). Најголем дел од наставата се изведува практично.

Курсевите за шминка се одвиваат со доста динамична програма која овозможува потполна едукација и оспособување на кандидатот. Кандидатите учат најсовремени стилови и техники со употреба на професионална колекција на шминка.

Едукаторите на Академија АВАНГАРД постојано ги следат светските модни трендови и постојано го надоградуваат своето знаење. Нивна цел е да овозможат на секој кандидат во пријатна атмосфера да научи стручно и квалитетно да работи.

Па што чекате? Засукајте ги ракавите и пријавете се, нашите ѕвезди не можат уште многу време да ве чекаат.

{simplepopup}

{/simplepopup}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button