Реклама
Хороскоп

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ЗА ПЕРИОДОТ 18 – 24 ЈУЛИ, 2016: Девиците треба да донесат храбри одлуки, Рибите можеби ќе го променат живеалиштето, а вие?

Реклама

Бурна и значајна седмица е пред вас. Дознајте повеќе што велат ѕвездите за вашиот љубовен живот, семејството, финансиите… 

nedelen18juli first

За За Габор (6 февруари, 1917- , хороскопски знак Водолија), Мис на Унгарија во 1936, која девет пати стапила во брак, меѓу кои и со Конрад Хилтон, хотелиер и основач на ланецот хотели „Хилтон“, рекла: „Сакам маж кој е љубезен и кој има разбирање. Дали е тоа премногу да се бара од еден милионер?“

Маркетинг

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Оваа недела ќе биде важна за жените над 35 години. Ви претстојат важни одлуки поврзани со пари или финансиски документи. Поволна недела за судски и правни работи за жените-Овен. Многумина ќе бидат дел од важен настан поврзан со татко, дедо или друг машки член на семејството. Поволен период да почнете заеднички живот или за брак за мажите-Овен над 35 години. Искористете ја седмицава за усогласување или решавање на разни важни финансиски прашања. Ве чекаат состаноци или разговори за пари и идни активности.

БИК (21 април – 20 мај)

Оваа седмица ќе имате средби и контакти со различни луѓе од далеку и од близина. Повеќе внимание посветете на нови познаници или контакти со нови луѓе. Ќе бидете загрижени додека некој ваш план или желби се остварува. Радосна вест што се однесува на дете: бременост, породување, успехот на дете… Ова е седмица во која некои жени-Бик ќе дознаат дека се блремени. На толку поволна недела за патување, бидејќи се можни разни пречки, тешкотии и компликации. Можност за разочарувања од неуспешно патување или од луѓе од далеку.

ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ КАКО НИКОГАШ ПОРАНО! Лавот не може без луксуз, а Овенот без авантура!

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Оваа недела ќе имате конфликт поврзан со имот и имотни предмети што на некој начин се поврзани со лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија. Избегнете немудри или избрзани набавки и одлуки. Обидете се да бидете реални во врска со работите што се случуваат околу вас или за било какви аспирации што ги имате. Избегнете прифаќање на лесно дадени ветувања, или барем не потпирајте се на нив. Посебно внимание посветете на вашите лични односи каде има големи недоразбирања или несогласувања. Неочекувани проблеми со ваш пријател/ка ќе ве збунат, изненадат, па дури и растажат.

РАК (21 јуни – 20 јули)

Оваа недела ќе биде интересна за младите машки Ракови во однос на нивното образование и професионален развој. Ќе имате нова можност или ќе имате интересни односи со лица во знакот на Јарец, Бик или Девица. Фактот дека не постои љубов и љубовни емоции дома или во вашата романтична врска ќе биде доволен да размислувате за многу нешта. За жал, некои врски се сериозни предизвици токму поради тоа што не постојат чувства помеѓу партнерите; врската го исцрпела своите значење во вашиот живот. Совет за младите жени-Рак: не гаете големи очекувања за паричен приход или за финансиски успех оваа недела. Бидете мудри и скромни.

9 Нешта кои секој знак ги мрази. Овенот мрази животни во кафез, Лавот игнорирање. А вие? 

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Оваа недела ќе доживеете непријатност поврзана со кратко или долго патување. За некои од вас, можно е патување поврзано со лекување, физиотерапија или за здравствена грижа на некој близок. Ако очекувате пари од друго место, можеби ќе има мала тензија околу приемот на истите. Ќе имате посета или средба со луѓе кои имаат сериозни проблеми и тешкотии. Можен е непријатен настан во животот на ваши пријатели, роднини, соседи, познаници. Избегнувајте конфликти и спорови со лица во знакот на Јарец, Девица или Бик. Во повеќето случаи, ќе добиете емоционални рани кои тешко се лекуваат.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Проблемите на работното место оваа недела ќе бидат причина да донесете некои храбри одлуки, да разговарате или да направите промени што биле долго одложувани. Ви претстои нешто многу убаво на професионален план, но сè уште се наоѓате во неволја или конфронтација со непријатни луѓе. Очекувајте посета, повик или конкретни активности од женско лице кое живее далеку од вас. Жените-Девица над 35 години не треба да бидат оптоварени со големи очекувања оваа недела. Работите сега ќе имаат свој развој, без разлика на вашите желби и очекувања. Голем број Девици од двата пола ќе се израдуваат од важни вести или предлози што ќе донесат возбуда во домот/семејниот живот.

ХОРОСКОПОТ ВО ПРАКСА: Дознајте кои знаци се добри, а кои лоши возачи

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Оваа недела Вагите може да очекуваат некои изненадувања за децата. Вести од блиску и далеку се однесуваат на раѓање принова или други слични настани. Во некои случаи, постои можност за неочекувана бременост за жените-Вага. Сама по себе, оваа седмица ќе биде чудна за вас. Минатото и иднината ќе се мешаат на неочекувани начини, што ќе ви ја дадат најдобрата насока по која треба да се движите напред. Не плашете се од она што судбината ќе ви го понуди оваа недела. Не барајте одговори на прашања што само иднината може да ви ги даде. Ќе порамните финансиски односи со некој ваш пријател. Ќе добиете пари, што биле одложени извесно време од различни причини.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Оваа седмица младите жени-Шкорпија може да уживаат во неочекуван шопинг или неочекуван подарок. Ќе имате причина за лична прослава поврзана со некој посебен или успех што сте го постигнале лично вие. Ќе добиете покана за собирање во врска со девојка/млада жена. Мажите-Шкорпија ќе имаат важна недела, којашто не треба да се ’потроши’ само на летни забави и сончање на плажа. Искористете ја секоја можност или предлог, барајте ги, разговарајте со луѓе со поголемо искуство од вашето. Поволна седмица да добиете пари, да го стабилизирате семејниот буџети и да ги решите сите парични прашања во домот. Во некои случаи, можно е да добиете пари од лице во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.

Одморите се во тек, па еве совет од „Штипка“ за тоа како најдобро да го осигурате домот за време на празници и одмори

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button