Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Неделен хороскоп: Кај Овните можна е љубомора, а Раковите целосно ќе уживаат во сегашноста

Реклама

Хороскоп од 23.04 – 29.04.2018 година!

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Работа

Маркетинг

Ве очекува бурен период исполнет со големи и важни обврски и трансакции. Може да имате доста промени кога се во прашање финаниите, а ќе бидете склони и кон повеќе нервоза од вообичаено. Нема да имате некои кризни моменти, но ќе се чувствувате нестабилно.

Љубов

Можни се љубоморни испади и сомнежи во намерите на вашиот партнер. Ќе чувствувате како секоја ситница да ви вели да бидете внимателни. Слободните Овни може да влетаат во авантура без обврски.

Здравје

Изложени сте на преголем стрес. Чувајте ги вашите нерви.

БИК (21 април – 20 мај)

Работа

Во текот на оваа недела нема да имате некои особено значајни случувања кога е во прашање работното место. Можни се ситуации кои ќе ве изненадат, но вие ќе сфатите дека ова време треба да го искористите за опуштање и ослободување од грижите.

Љубов

Оваа недела ќе имате можност за паралелни врски или флертови. Но, длабоко во себе ќе чувствувате празнина и нема да најдете личност која емотивно ќе ве исполни. Ако сте во врска или брак, повеќе ќе размилувате за финансиите, отколку за вашиот партнер.

Здравје

Овој период очекувајте сосема стабилно здравје.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Работа

Доаѓа фаза во која ќе имате многу работни обврки и каде што одеднаш ќе мора да донесете некоја одлука и да станете сериозни. Сега е вистинско време да вложите максимум од својата енергија, затоа што така можете да го остварите она што го сакате. Многу работи зависат само од вас…

Љубов

Иако однадвор изгледате добро, емотивното незадоволство расте внатре во вас. Вие ќе се чувствувате по малку болно, односно разочарано, како многу работи да ви недостасуваат. Нема да сакате никому да го загрозите мирот, па затоа ќе држите во себе. Вашата насмевка може да излаже, но очите не.

Здравје

Можни се проблеми со варењето и крвната слика.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button