Реклама
Интервју

Интервју со Наташа Малинкова, посветена сопруга, мајка и еден од најдобрите женски вокали во Македонија

Реклама

Девојка, мајка, сопруга, пејачка, Наташа Малинкова македонската јавност на времето ја запозна како вокал на бендот „Багаж“. 

natasa

Сега горда, но и згодна мајка на две прекрасни ќерки и успешна пејачка која заслужено оваа година си го доби признанието на Македонски радиски фестивал за Радиски хит изведен од женски вокал.

Маркетинг

На овогодинешното 10-то издание на МАРС ја доби наградата за радиски хит изведен од женски вокал за пасната „Хеј мама”. Колку се надеваше дека ќе го добиеш ова признание?

Музиката и пеењето е работа која потполно ме исполнува и ја работиме со цело срце… Во принцип кога ги правиме песните во студио не размислуваме на многу работи освен на тоа да се носи со новите трендови да биде ин, да има наш печат во интерпретацијата и стилот и тоа е се. Реакциите на публиката се мерило дали сме успеале во тоа…  а Хеј Мама е уште една тема која доби признание за нашиот труд, мислам сосема заслужено за мојот тим,  ова е само поттик да работиме уште повеќе и да ги оправдаме овие признанија..

Маркетинг

Пет минути со Жарко Димитроски: „Не е убаво толку да сме опиени од политички теми, многу пофино е кога сме трезни“ >>

По „Хеј мама”, следува актуелната „Ново време” која постојано ја слушаме по нашите радиостаници. Што е „Ново време“?

Ново Време е продолжение на Само мој и Хеј Мама….  раскажана љубовна тема  во малку  поинакво време, со иронична приказна  и малку хумор.

Natasha 2

„Низ животот  и со музиката имав големи успеси но и многу паузи  се со цел да  изградам едно здраво семејство, а при тоа  да не се чувствува премногу моето отсуство од  дома.“

Имате ли муза кога е во прашање инспирацијата за вашата музика?

Публиката е нашата најинспиративна муза…  инспирацијата доаѓа и од семејството, нашите деца, некои ноќни настапи кои поминале во една адреналинска еуфорична атмосфера и ни оставиле силен впечаток … така се раѓаат песните, секоја песна опишува дел и од нас, нашите карактери и нашето живеење…

Колкав е предизвикот да се искомбинираат улогата на мајка, сопруга, пејачка која што постојано е застапена со клубски свирки низ земјава?

Голем предизвик и уште поголема одговорност и работа. Ако не сте постојан во работата нема резултати. Јас барем сум сведок на тоа. Низ животот  и со музиката имав големи успеси но и многу паузи  се со цел да  изградам едно здраво семејство, а при тоа  да не се чувствува премногу моето отсуство од  дома. Не е лесно, па мора да се балансира. Секогаш знам дека можам повеќе и повеќе, никогаш не е доволно , но кога е искрено и постепено ќе се осети фит бек –от од работата.  Немам многу време искрено, но секогаш се трудам да ги балансирам работите. Ноќните настапи и доаѓањето рано наутро дома, постојаните патување низ земјава е исцрпувачко, кога знаете дека ве чекаат уште милион обврски по дома со децата.

Сепак  големата желба и  љубовта кон музиката е таа што ми дава сила и енергија да продолжам напред. Не се откажуваме тука, штотуку почнавме.

Natasha4

Како ги полниш батериите, што те рекласира?

Во последно време  дефинитивно на настапите кога сум со публиката е мојот најголем извор на енергија. Обврските како мајка и жена дома некогаш исцрпуваат. Затоа кога сум на настап со публиката  се затворам во еден посебен свет , не мислам на ништо друго и тоа ми дава сила и енергија да го почнам утрешниот ден и тоа така се одново и одново.

Кои се твоите актуелни професионални ангажмани или проекти во најава?

Покрај натапите на кои сме ангажирани за викендите, работиме многу во студио на моите следни теми кои дефинитивно мојот тим одлучи да ги промовираме една по една. Следниот сингл кој носи работен наслов  ,, Нестварно е…“  е веќе при крај . Станува збор за модерна РНБ  балада која има силна емоција. И  деновиве работиме на  следна тема која за сега ми е вистински хит. Имаме уште некои работи да досредиме  и ја планираме дует со мој колега.

 Natasha 5

„Верувај во себе и биди упорен, упорноста и работата се исплати“

Која е најзначајата лекција што се ја научиле во вашата досегашна кариера?

Најважната лекција  од моето искуство е – Верувај во себе и биди упорен, упорноста и работата се исплати…. Навистина  правење музика , настапите во живо, снимање спотови  итн… не е лесна , ниту ефтина работа. Секогаш наидуваме на оној најголем проблем, финансиите, наместо  слободно да твориме без стеги, мораме да размислуваме и како подобро ќе им ја  пренесиме песната  на оние кои не следат. Даваме се од себе  да бидеме што подобри и се надеваме дека еден ден упорноста и работата ќе ни се исплати.

natasa

Кое е вашето животно мото?

Имам многу животни мота кои ме водат низ годините.

Додека дишам, се надевам
Живеј го сонот
Верувај во себе
Можам, умеам, ќе успеам    …

Разговараше: Ивана Крстеска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button