Новите патики на Ријана кои ги обожаваат сите прогласени за обувки на годината за 2016
Нови патики кои го освоија светот
Преубавите патики „Fenty Creeper“ кои ги дизајнираше Ријана инспирирана од класичните „Brothel creeper” кои ги носеа панкерките во 70-тите, годинава и официјално се прогласени за обувки на годината тргнувајќи ги од тронот патиките на Канје Вест, Yeezy Boost 350. Станува збор за модел од дебитанската колекција на Ријана за Пума кој имаше огромен успех во светот на модата. Тие беа распродадени само три часа откако беа пуштени во продажба, а најпрво беа прикажани на Модната недела во Њујорк, а потоа, со втората едиција, и на Модната недела во Париз. Минатата година победник на Shoe of the Year беше познатиот американски дизајнер и репер Канје Вест, односно неговите Yeezy Boost 350, додека една година претходно тоа беше познатиот модел Stan Smith од Адидас.
„Навистина се чувствувам гордо поради оваа награда особено што сум првата жена која што ја има освоено досега. Многу ми значи што успеав во индустријата со патики во која претежно владеат мажите и што толкав број луѓе во светот ја делат мојата љубов кон овој модел “, изјави Ријана која со нејзините „creeper“ патики кои досега ги имаат носено бројни ѕвезди како Џиџи Хадид и Кара Делевињ, внесе свежа панк естетика во модниот свет на обувките.