Неодамна е спроведено истражување на испитаници со прекумерна тежина со цел да се утврди кој метод на губење на тежината ќе даде најдобри резултати.
Една група на испитаници во текот на временскиот период на истражувањето спроведувала строго контролирана диета, втората група јадела нормално но се занимавала со аеробни активности или кардио вежби како што се трчање, додека третата не го правела ни едното ни другото. Третата група добила вежби за сила со тежини, токму типовите на вежби кои жените ги избегнуваат поради стравот да не станат премногу мускулести. Можеби ќе се изненадите, но најдобри резултати во губење на тежината постигна токму третата група.
Еве кои вежби ги прават топ моделите за совршен задник >>
Всушност, за 12 недели колку што траело истражувањето, испитаниците кои биле на диета изгубиле во просек околу 6,5 килограми, групата која правела аеробни вежби изгубила во просек околу 7 килограми, додека групата која вежбала со тежини успеала за 3 месеци да изгуби неверојатни 10 килограми, што укажува на сериозна разлика во резултатите. Секако, целта на истражувањето не е да покаже дека сите треба да се занимаваме исклучиво со вежби за сила, туку дека треба да усвоиме здав начин на живот кој подразбира правилна исхарана и вежбање. Притоа, стравот на жените дека ќе се развијат во терминатори е неоснован и неоправдан, а можеби и токму тој ги кочи во ефикасното намалување на тежината. Имено, кревањето тежини може само да ви помогне побргу да ослабите и да го зајакнете телото, а за да станете Арнолд Шварценегер секако дека ќе треба многу сериозно да се потрудите!
Само 10 минути вежби за тело во форма на песочен часовник >>
Најдобрите вежби кои ќе ви помогнат да го намалите обемот на половината >>