Реклама
BEAUTYНега и здравје

Лош здив, борба против целулит: Најдобрите трикови со сода бикарбона кои треба да ги знае секоја жена

Реклама

Овој универзален и лесно достапен производ ќе ви помогне во домаќинството и личнаа хигиена, а овие трикови задолжително треба да ги знаете.

Природен дезодоранс – одлична замена за хемиските

Во светот уште одамна се води дискусија за штетноста на дезодорансите, па ова е одлична алтернатива. Помешајте ја содата со неколку капки есенцијално масло, растворете ја во вода и ставете ја во шише со распрскувач. Многумина ја користат и во облик на прав, при што на кожата ја нанесуваат со прстите.

Пилинг

Содата се бори против несовршеноста на кожата како што се брчките, митесерите и флеките. Растворете поголема количина сода во вода, па по желба додајте го омиленото масло, па тријте ја кожата.

Маркетинг

Помага при раст на косата

Во пластично шише измешајте сода бикарбона и вода во однос 1:3, а количината може да варира во зависност од должината на косата,. Смесата можете да ја ставите на сува или влажна коса, па оставете ја да делува до 3 минути, а потоа исплакнете ја косата со млка вода.

Помага во борбата против целулит

Едноставно, измешајте една лажичка сода со една лажичка мед, потоа додајте малку вода и ставете ја на оган да зоврие. Кога ќе почне да вари, оставете ја така две до три минути. Потоа оладете ја малку, па додека е уште топла масирајте го местото зафатено со целулит, околу три минути. Потоа измијте се со топла вода, а потоа на проблематичните делови нанесете само мед. Нежно тапкајте и масирајте 4-7 минути.

Маркетинг

Помага при лош здив

Содата помага во борбата против овој проблем. Во една мала чаша растворете една лажичка сода и измијте ја устата после миењето на замите.

Избелување на забите

Потопете ја четката за заби во сода бикарбона, па потоа тријте ги забите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button