Планирате овие денови да носите кратки фустани или здолништа?
Дали некогаш сте се запрашале како и успева на Бијонсе ама баш секој пат кога ќе се качи на бината во оскудните костими од Thierry Mugler, кои многу малку оставаат на фантазијата, нејзините нозе секогаш да изгледаат убаво? И покрај тоа што визажистите на своите познати клиентки кога носат бесрамно кратки креации неретко им ги шминкаат нозете со пудра, шимери и бронезри, нивната шминка тешко дека ќе биде постојана и ќе остане и по половина час, особено по нивното постојано скокање и играње на сцената, кое може да биде и многу напорно кога се тие на светска турнеја или кога настапуваат секојдневно.
Оваа шминка е една од најпопуларните за оваа сезона >>
Но, во што е тогаш тајната? Ако добро ги зумирате фотографиите ќе видите дека многу познати девојки на своите настапи под своите кратки креации носат невидливи хулахопки. Станува збор за модели со мат текстура која ја имитира бојата на човечката кожа. Тие со голо око практично се невидливи, и освен што ја затегаат и благо тонираат кожата, потполно ги покриваат и сите неправилности како што се лузни, стрии и целулит.
Едноставен трик за мазно и сјајно лице, без акни и мозолчиња >>
Што сакаме да кажеме?
Па доколку облечете вакви хулахопки многу лесно ќе создадете ефект на беспрекорна и совршено ускладена кожа која изгледа како тукушто да ви ја напудриле дузина професионални визажисти, без хиперпигментација, несакани враснати влакненца, целулит и сл. Овие модели ги нудат бројни брендови како што се Palmers и Wolford (тие имаат дури и генијален модел без прсти кои можете да ги носите и со сандали кои се отворени во предниот дел), а сличен ефект можете да добиете и со мрежести хулахопки во боја на кожа со густо ткаење.
Најдобрите вежби и диети според формата на вашето тело >>