Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Кој би помислил? Најчудните работи за секој хороскопски знак!

Реклама

Која е најчудната работа поврзана за вас? Дознајте во продолжение!

Овен

Вие сте склони кон морбидни мисли, а малку сте опседнати и со идејата за смртта. Секогаш размислувате за многуте начини на кои би можеле да умрете вие или вашите најблиски…

Бик

Најчудната работа поврзана за вас е тоа што секогаш сте детективски настроени. Едноставно, мора да ги знаете и најинтимните делови од животот на луѓето за кои сте заинтересирани.

Маркетинг

Близнаци

Вие сте многу добри во лажењето. Импресивно е колку брзо може да смислите лажна приказна во вашата глава. На другите честопати им е тешко да ви веруваат.

Рак

Вашата тенденција да бидете опсесивни е најчудниот аспект од вашата личност. Кога ќе влезете во врска, често почнувате да го гушите својот партнер.

Маркетинг

Лав

И вие сте познати по својата опсесивност. Но, вие не сте опседнати со својот партнер, туку со себе, при што можете да бидете безобразни кон другите.

Девица

Најчудната работа поврзана за вас е вашиот креативен сексуален ум кој го поседувате. Вие сте личност која може да смисли милион и една чудна работа!

Вага

Вие сте многу љубопитни и честопати на интернет барате некои чудни случаи и случувања, зашто надреалните работи се оние кои најмногу будат интерес во вас.

Скорпија

Од сите знаци во Зодијакот, вие имате најмрачен ум. Секогаш размислувате за најмрачните и најдепресивните работи кои може да ви ги понуди животот. Поради ова, на многумина им сте претешки. Можеби треба да размислите за поинаков пристап кон животот.

Стрелец

Вам другите ве сметаат за робот. Вие сте личност која е склона да биде ослободена од сите емоции и чувства кога се работи за другите. Немате многу сочувствителност.

Јарец

Убиство. Тоа е најчудната и најлошата работа поврзана за вас. Вие сте фасцинирани од идејата за убиство.

Водолија

Вие сте склони кон интелектуални работи, а најчудно е тоа што размислувате за оние работи кои би им ги рекле на погребот на вашите блиски… Тоа не е нешто што некои би го сметале за нормално однесување.

Риби

Вие ја имате онаа чудна опседнатост со катастрофални ситуации кои може да влијаат на вас и на луѓето околу вас. Уште почудно е тоа што секогаш предвидувате дека сте јунак во нереални сцени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button