Реклама
Новости

Која е Брижит Троње, мистериозната Прва дама на Франција?

Реклама

Која е Брижит?

Брижит Троње,сопругата на новоизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон присутна е во неговиот живот уште од неговата 15 година. Оваа дама која изгледа прекрасно најпрво била негова наставничка, а потоа во годините што следувале, станува и негова љубовница, за да на крај заврши како негова сопруга, но и Прва дама на Франција.

Маркетинг

Новата Прва дама на Франција е 24 години постара од својот сопруг. Елегантната госпоѓа има 64 години, додека Емануел 39. Таа воедно е и неговата најблиска соработничка на која и има ветено и официјална улога во претседателската палата.

Маркетинг

Брижит се најде на насловните страни на бројни магазини, рака под рака со мажот на разноразни настани фасцинирајќи ги сите со нивната необична романса. Но оваа згодна дама пред да биде сопруга на Емануел беше во брак со друг маж и е мајка на три деца. Таа е родена во Амјен, каде што е роден и живеел и Макрон, во ситуирано семејство кое успешно се занимава со производство на тестенини и чоколадо. На почетокот на 90-тите ќе се заинтересира за еден младич кој глуми во една претстава – тоа е Емануел на кој веднаш му помогнала во работата околу еден текст и – од тогаш започнале да ја градат нивната врска.

{youtube}7ktVVtK9UFQ{/youtube}

Таа тогаш имала 39 години и била потполно воодушевена од интелегенцијата на Емануел, а воодушевувањето било обострано.  Само два месеци по овој настан, тој како 17 годишно момче и ветува дека ќе се ожени со неа што и да прави во животот.

Макрон го продолжи своето образование, но целото време бил со неа во врска, па така таа на крајот го напушта својот прв сопруг и година дена подоцна, во 2007 година ќе се омажи за Макрон, преселувајќи се во Париз каде продолжува да работи како наставничка.

Оние кои што ја познаваат ја опишуваат како срдечна и рационална жена, која зрачи со својот извонреден шарм и позитивна енергија.

Па, што мислите за оваа необична врска?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button