Месечен хороскоп за мај 2017 година.
Овен
Љубов – Венера се наоѓа во вашиот знак, работите делуваат многу пооптимистички во вашите емотивни врски. Доколку сте слободни, не би требало овој статус да биде ваков уште долго време.
Работа – Овој месец сте апсолутно способни да заработите. Не само што со вашиот труд ќе успеете многу работи, туку и ќе бидете миленик на среќата – па некои шанси сами од себе ќе се создадат пред вас.
Здравје – Потребна ви е физичка активност и движење.
Бик
Љубов – Чувството на незадоволство го оставивте зад себе, насочени сте кон саканата личност и ви одговараат заедничките моменти исполнети со задоволство, страст и уживање. Она што е најважно, немојте да дозволите некои ситуации „од страна“ да ве повлечат, да се вплеткаат во приказни кои ќе ви бидат интересни или кои ќе донесат нота на предизвик.
Работа – Марс во полето на работата и финансиите во текот на мај ќе работи за вас.
Здравје – Одлично ниво на енергија.
Близнаци
Љубов – Овој период е време за позитивни промени кои вие ќе ги создадете, а партнерот со задоволство ќе ги прифати. Крајот на месецот може да донесе некое затишје, особено ако бидете во фаза на тврдоглавост и инсистирање да го „истерате своето“.
Работа – Можности за дополнителни работни ангажмани се тука, само размислете дали ќе ви го пореметат ритамот на работа и моментални обврски.
Здравје – Заштедете енергија, не ја трошете за глупости.
Само луѓето со големо срце можат да ги освојат припадничките на овој хороскопски знак>>>
Рак
Љубов – Имено, како што постојат големи можности, некои Ракови кои се во подолги емотивни врски може да дојдат до реализација на своите планови за заеднички живот или брак со саканата личност.
Работа – Отприлика, до половина на месецот очекувајте гоелма активност на ова поле – ќе имате многу состаноци, повици, контакти со бизнис партнери, соработници.
Здравје – Одлично расположение.
Лав
Љубов – Доколку сте зафатени, се чини дека вложувате само еден дел од себеси во однос на саканата личност. Ако сте слободни – пријателите имаат големо влијание врз вас.
Работа – Одличен месец, во кој ќе успеете да се опоравите од ударите кои ви ги зададе април. Сонцето се наоѓа во вашето поле на кариерата, а во текот на вториот дел од мај, Меркур ќе ви донесе подобри контакти и полесни соработнички односи.
Здравје – Големи промени во расположението.
Девица
Љубов – Односот со саканата личност ќе ви донесе доста интензивни и напорни моменти. Може да сте претерано љубоморни, посесивни, и во секој случај расположени за расправање. Но, работите во вашиот емотивен живот сепак полека доаѓаат на свое место.
Работа – Во текот на првиот дел од мај очекувате голема живост, активност, контакти со соработниците. Многу обврски со кои успешно ќе се снајдете на крај. Во вториот дел од месецот ќе успеете да ги соберее вистинските заслуги и вашите напори ќе бидат наградени.
Здравје – Ситни здравствени тегоби.