Тие се магични, провокативни и важат за најголеми заводнички меѓу хороскопските знаци
Овие жени сакаат да запознаваат нови луѓе и воопшто не се вообразени, но немаат голем интерес за долги љубовни врски.
Тие се забавни, сакаат да се дружат, магични и провокативни…
Да, да, станува збор за жена Близнаци. Таа е непредвидлива и својата општествена и љубовна маска многу брзо може да ја замени со дистанцирање и ароганција. Од потенцијалниот партнер бара ментална компатибилност за да биде заинтересирана за него, односно некој кој е способен да ја предизвика интелектуално и кој навистина заслужува да му дозволи да се игра со нејзиното тело. Таа е дама која секогаш е подготвена да го употреби целото женско оружје, својот несекојдневен шарм и привлечност за да го добие тоа што го сака. Многу лесно се вљубуваат, но и тежнеат кон тоа да имаат повеќе од еден љубовник во исто време.
Но, ако ја имате во близина, никако не испуштајте ја….