Реклама
Трендови

Како да го носиме најпопуларниот материјал за оваа сезона

Реклама

Минатата година сите бевме луди по кадифе.

Но оваа година еден друг материјал ќе го замени неговото место. Станува збор за сатенот, пристојната замена на гламурозната свила, кој истовремено е лежерен, женствен, елегантен, модерен и секси, но и совршен за топлите пролетни и летни денови кои се пред нас. Но прашањето е на кои се’ парчиња ќе носиме сатен оваа сезона? Покрај неодоливите слип фустани направени од префинет сатен кои веќе можеме да ги видиме на улиците низ светските модни метрополи, и кои можеме да ги носиме како во вечерни, така и во дневни пригоди, со фармерки или кожена јакна, кога е студено, или без нив кога температурите ќе бидат високи, тука се и кратките сатенски горни делови, здолништа, блузи и кошули .

Маркетинг

Овој материјал ќе го носиме и преку облеката која традиционално ја носиме по дома. Мислиме на пижами и пењоари, односно на популарните панталони кои потсетуваат на пижами, но и на домашните наметки кои сега можеме да ги носиме и надвор, во нашите секојдневни изданија, особено во комбинација со фармерки!

Маркетинг

Што се однесува до ѕвездите што го фураат овој тренд, ќе ја споменеме познатата британска дизајнерка Викторија Бекам која е позната по нејзиниот фантастичен деловен стил, и која оваа сезона не се одвојува од овој елегантен материјал.

Преминете на следната страна и погледнете како познатите ИТ девојки и модни блогерки го носат овој материјал >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button