Реклама
Хороскоп

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА АВГУСТ, 2016: Стрелците ќе уживаат, Девиците ќе флертуват. А вие?

Реклама

Дознајте што ви претскажуваат ѕвездите за вашиот љубовен живот во најжешиот месец… 

ljuboven avgust 1

Ава Гарднер (1922 – 1990, хороскопски знак Јарец), славна глимица која била во брак три пати, вклучувајќи и со Френк Синатратра, рекла: „ Мислам дека главната причина што моите бракови пропаднаа е во тоа што секогаш сакав добро, но никогаш мудро.“ 

Маркетинг

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Кога е во прашање љубовта, Овните ќе бидат доста збунети и конфузни. Измешаните чувства ќе ве натераат да се чувствувате несигурно, па од луѓето околу вас ќе побарате совет, но најпотребно е да тргнете по вашата интуиција. Големите очекувања во љубовта ќе биде една од причините зошто се чувствувате сосема збунето. Нема да очекувате многу само од себе, туку, исто така, и од партнерите со кои ќе влегувате во кратки врски, па е потребно да чувате од разочарувања. Не занимавајте се со неважни работи кога вашата врска е во прашање, бидејќи тоа само ќе го расипе односот со партнерот, туку реално согледајте ја ситуацијата, во секој момент. . Како и да е, ќе имате турбулентен период и малку полош период кога станува збор за љуовните врски. Ова не е добро време да започнете љуовна врска доколку сте слободни.

БИК (21 април – 20 мај)

Биковите во август ќе бидат многу повлечени кога станува збор за љубовта. И сами ќе бидете свесни за својата неможност да се отворите емотивно кон некого, што секако ќе ве одвлекува од нови познанства и можни врски. Ви треба мир и тишина, а се чини дека периодот на самотија ќе ви одговора за да расчистите со себе и ментално и емоционално. Сето ова ќе влијаат врз вас, па ниту во комуникацијата не функционирате најдобро. Условите за бизнис во голема мера ќе влијаат врз емотивните планови, па доколку нешто тргне наопаку, толку исто вие ќе бидете затворени за остварување нешто ново или сиот стрес ќе го насочите кон партнерот, што и вашата врска ќе ја доведе во мали проблеми. Потребно е да поставите приоритети и во согласност со тоа да одлучите што е најдобро за вас.

Најголемиот сладок ’грев’ летово: Како НЕМУ да му приредите најдобро задоволство?

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Близнаците ги очекува многу добар период. Ако сте слободни, веројатно на некое патување, на некоја свечена прилика или некаде каде што не сте толку често дека ќе запознаете интересна личност која целосно ќе ве освои. Веројатно ќе биде малку постара од вас, но тоа не значи дека ќе имате проблеми, туку дека многу лесно може да започнете сериозна и квалитетна врска. Ова е особено плоден период за оние кои се во зрели години. За оние кои веќе се во врска, ќе имате посебен однос со партнерот што многу ќе ви годи, па ќе уживате во нежноста и вниманието што ви го дава.

РАК (21 јуни – 20 јули)

Кога станува збор за емоциите, Раковите ќе уживаат овој месец. Толку многу љубов околу вас, ја давате, ја ширите, ама и ја добивате дури во уште поголеми количини, така што секој ден ви започнува со насмевка. Врските ќе бидат сè поуспешни, па сите ’зафатени’ Ракови со своите партнери ќе остварат уште подлабок, поинтимен однос. Нежноста и вниманието што ги добивате од партнерот ќе направат само да добиете дури и повеќе љубов. И кај слободните Ракови сè ќе напредува. Ќе уживате во флертување, ќе ви годи вниманието каде и да се појавите, а многу е можна и нова, летна романса. Ако започнете врска, знајте дека ќе биде солидна и дека ќе бидете сосема задоволни.

КРАЛИЦИ НА СКАНДАЛИ: Жените во овие хороскопски знаци се убедливо најголемите ’грешници’ (чувајте си ги партнерите од нив!)

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Емоциите кај Лавовите ќе бидат многу ’разбранувани’ во наредниот период. Сè што ќе ви се случува, ќе прифатите многу емотивно, поради што е можно да ве повредат некои нешта кои инаку ви се неважни. Семејството и друштвото ќе ви бидат на прво место, па сета нежност и љубов ќе ја искажувате кон нив, поради што ќе заборавите малку на постоењето на љубовна врска. Многу сте посветени на своите блиски, па ќе се фокусирате само на нив. Кога станува збор за љубовта, емоционалната состојба ќе биде доста комплицирано, па нема да бидете расположени за нови познанства или почнување нова романса. Поради бариерите што ги поставате кон спротивниот можно е да повредите некој кој ви се допаѓа, но воздржете се, бидејќи личноста која е постојано во ваша близина и која ви покажува дека ве сака на различни начини е многу добра за вас.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Девиците ќе посакаат да се изолираат и одвојат од светот. Ова нема да им одговара на ’зафатените’ припадници на овој знак, па ќе дојде до несогласувања и кавги со партнерот, што може да потрае малку подолго. Но, сè е минливо, па нема причина за поголема загриженост. Сето ова ќе се одрази и врз слободните Девици, па ќе одбивате да стапите во нови пријателства и врски. Кон сето ова доста придонесува и некоја личност од минатото, но со тоа ќе раскрстите во еден момент, по што ќе ги видите сите ваши опции за добра и квалитетна врска со личност кој ќе ви одговара во многу нешата. Флертувањата, кои ќе бидат бројни, ќе ви одговорат и ќе ви годат, па и тоа ќе ви го одвлекува вниманието од размислувањата за поранешни партнери.

ХОРОСКОПОТ ВО ПРАКСА: Дознајте кои знаци се добри, а кои лоши возачи

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button