Реклама
Модни совети

Неколку фантастични зимски комбинации што можете да ги „фурате“ во студените предновогодишни денови во декември

Реклама

Еве зошто го обожаваме последниот месец од годината

Новогодишната еуфорија секогаш го надминува она чувство дека станува збор за најстудениот период од годината, а попустите во продавниците како и магијата на забавите се дополнителни стимуланси кои не тераат да се дистанцираме од удобните фотелји и кревети во топлите простории и да зачекориме надвор па дури и кога температурите се под нула, а воздухот позагаден и од оној во подземните гаражи. Но секако дека тоа треба да го направиме со стил, што не треба да ни преставува проблем бидејќи овие месеци носиме слоевити комбинации, па постојат милион варијанти со кои можеме да си поиграме. Од тренди модели на капути, па се до неодоливите „оверсајз“ џемпери кои се ИН оваа есен и зима, нашите стајлинзи дефинитивно можат да бидат далеку од монотони. Тоа можеме да го забележиме и од Инстаграм профилите на најпознатите модни „инфлуенсерки“, а како тие изгледаат и што носат во овој период од годината погледнете во продолжение.

Маркетинг

И секако нивните инспиративни трикови и комбинации не треба да ги запишувате, туку да се нацртате пред вашите плакари и веднаш да ги пробате. 

Маркетинг

Погледнете што ви предлагаат нашите уредници …

 

Поврзано

Back to top button