Вљубувањето понекогаш преставува ризик, но за претставниците на овие хороскопски знаци тоа никогаш не претставува проблем.
Покрај тоа што се склони лудо да се вљубат, некои од нив се склони и на дивиот секс. Еве за кои хороскопски знаци станува збор.
Овен
Овните секоја животна прилика ја зачинуваат со страст па така и љубовта. Лесно се вљубуваат и подготвени се да ризикуваат. Во врските даваат повеќе од што бараат и силно се врзуваат за своите партнери и сакаат да ја негуваат врската. Тие се ентузијасти и понекогаш толку многу се преокупирани со врската да не сфаќаат дека само тие се учесници во истата. На пример ако нивниот партнер стане студен, Овните тоа ќе го забележат подоцна и секако бурно ќе реагираат. Тие секогаш вложуваат напор се да биде како што треба.
Стрелец
Стрелците сакаат страсно и силно. На почетокот се толку страсни што се зафатени од илјада емоции кои им ги даваат на своите партнери. Свесни се дека можат да бидат повредени, но тоа не ги спречува да и се препуштат на љубовта. На прво место им е срцето, и на самиот почеток на врската се отворени и воопшто не ги кријат своите чувства.
Риби
Бидејќи се многу креативни, кога ќе се заљубат Рибите на партнерите им нудат див секс кои тие потоа ќе го памтат цел живот. Тие се многу искрени во љубовта, а доколку некој им се допадне нема да играат игрички како би се заштитиле од повредување. Тие им веруваат на сите и брзо можат да засакаат некоја личност и да го прифатат секој ризик.