Реклама
Новости

Кендал Џенер му го растури семејството на младиот НБА кошаркар?

Реклама

Не е така невина како што изгледа …

Кендал Џенер (22) и покрај тоа што досега ја нема потврдено врската со 28 годишниот НБА кошаркар Блејк Грифин, парот повеќе пати е виден заедно па ситуацијата е и повеќе од јасна. Но пред неколку недели почнаа да се шират гласини дека одлучиле да се разделат, а причината за тоа наводно била што кошаркарот се забавувал и со други жени. Сепак, ова се покажа како невистинито бидејќи деновиве се појавија и други информации.

Маркетинг

Имено, причината што Кендал се оддалечила од Блејк е тоа што неговата поранешна девојка, 31 годишната Брин Камерон поднела тужба во која најверојатно е спомената и Кендал. Таа сака парична отштета поради откажаната венчавка, алиментација за двете деца што ги има со него, а за Кендал смета дека и го уништила семејството бидејќи се плеткала со Блејк додека тој се уште бил свршен со неа. Во тужбата стои и како Блејк го срами своето семејство поради неговата врска со Џенерката, а интересно е и тоа што истата доаѓа откако тој во 2017 потпиша договор вреден 173 милиони долари.

Маркетинг

Брин тврди дека поради бившиот се откажала од својата кариера, се посветила на семејството но и не неговата кариера, па не била само партнерка и мајка, туку и негова лична асистентка. Кога ќе се собере се на куп, младата НБА ѕвезда годишно заработува околу 200 милиони долари, додека Брин позајмува пари од својот брат, НФЛ ѕвезда, и живее на работ на сиромаштија.

Од друга страна Блејк е страшно разочаран од нејзиното однесување бидејќи не сака неговите приватни проблеми да се провлекуваат низ медиумите. Ова за странските медиуми го откри извор близок до кошаркарот, а во тужбата стои дека сегашното момче на Кендал додека бил во врска со Брин повеќе се грижел за гламурозниот холивудски живот отколку за семејството.

Поврзано

Back to top button