Дали умеете да препознаете совршен партнер, речиси, на прв поглед, или ви е потребно време некому да му го подарите срцето? Дали сте приврзани кон партнерот или ви одговараат врски во кои никој не ја гуши слободата и потребата за независност на другиот? Пронајдете ги одговорите во астро-профилот за секој хороскопски знак
Анита Екберг, (1931-2015, хороскопски знак Вага), актерка, манекенка и секс симбол, најпозната по нејзината улога како Силвија во филмот на Федерико Фелини „Сладок живот“ (1960), рекла: „Најважно за добар брак е да научите како да се расправате на мирен начин.“
ОВЕН (21 март – 20 април)
Сакаат да бидат рамноправни со машкиот пол
Девојките родени во знакот на Овен се родени лидери, не сакаат никого да следат. Така, и во врските сакаат да бидат придвижуваачи и да управуваат со работите. Она што е карактеристично за нив е дека секогаш сакаат да бидат барем рамо до рамо, ако не и над своите партнери. И додека таквата природа може да е вообичаена за машките-Овен, за женските може да биде (малку) незгодно. Во вистинската љубов се страсни, авантуристички настроени.
БИК (21 април – 20 мај)
Магнет за мажи
Припадничките на овој знак имаат голема моќ за привлекување на спротивниот пол поради вродениот магнетизам со кој зрачат. И покрај тоа што сакаат да бидат заведени, повеќе се склони кон долгорочни односи и градење силни врски со интимниот партнер. Со текот на времето, ќе бараат сè повеќе и ќе стануваат критични, бидејќи поради перфекционизмот сакаат да имаат чувство дека „добро си ја вршат својата работа“. Исто како и животното чиј знак го претставуваат, Биковите се опасни само кога некој ќе ги разјари, но, за жал, никогаш не е извесно кога тоа ќе се случи. Кога ќе дојде до таков излив на бес, нивните реакции се експлозивни.
Најголемиот сладок ’грев’ летово: Како НЕМУ да му приредите најдобро задоволство?
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Склони кон превари
Срцето на Близнаците функционира преку мозокот. Без разлика дали станува збор за емоции или секс, на зборови се посилни и поизразени отколку во пракса. На некои таквиот пристап кон животот може да им се чини дека е плиток, но тие самите попрво би кажеле дека се интелектуални и аналитични. Комуникативните Близнаци имаат поделена и амбивалентна природа, па не е невообичаено во ист миг да ги привлекуваат повеќе личности, што ги прави склони кон прекини и разводи. Најдобро функционираат преку разбирање во врската, имаат тенденција на партнерот да му ги простуваат гревовите сè додека тој не е флегматичен и здодевен. Благодарение на променливата природа, повеќе им одговараат стабилни и карактерни партнери кои ќе им дадат слобода за бројните пријателства и дружење, и кои ќе бидат крај нив кога другите ќе ги разочараат.
РАК (21 јуни – 20 јули)
Нежни душички
Нежната и грижливата интимност на Раковите е под тврдиот одбранбен оклоп, невидлив за оние кои не ги познаваат добро. Вешто наоѓаат начини да ги заштитат своите најдлабоки чувства, па дури и кога саканото лице длабоко ќе ги разочара, нема тоа само туку-така да го покажат. Повремено Раковите може тешко да бидат сфатени кога ирационални мисли ќе надвладеат во нивните, инаку рационални, глави. Тие се во потрага по цврсто и сигурно засолниште каде што ќе можат безбрижно да го изразат она што го чувствуваат длабоко во себе. Најдобро функциионираат со некој кој ја разбира нивната креативност и кој ќе ги прифатат онакви какви што се, со сите промени во расположението.
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Страствен во љубовта
Посебниот шарм и магнетната привлечност обично ги става Лавовите во центарот на вниманието. Како страствени љубовници од партнерите бараат максимална посветеност и страст возвратена во еднаква мерка, бидејќи во спротивно нивното незадоволство од млакоста на партнерот расте до прекинување на врската. Романтично настроени, главно, ги остваруваат своите соништа со помош на силата, одлучноста и вербата во себе која ги одликува и им помага да продолжат таму каде што другите би запнале. Лавовите често создаваат проблеми во односите поради тоа што сакаат нивниот збор да биде последен и што не се склони да ја признаат својата вина.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Премногу ситничави
Практичноста и реализмот пред емоцииите, како и големата ситничавост ја карактеризираат Девицата во љубовните врски. Флексибилни се и елоквентни, па затоа лесно се прилагодуваат на потребите на партнерот. Забавни се и сакаат да се шегуваат, што често го користат за да се извлечат од непријатни ситуации. Оние кои успеваат да ја разгорат страста кај Девиците, ќе се уверат дека таа не се гаси толку лесно, ниту брзо.Она што може да биде камен на сопнување во врските е нивната тенденција да ги критикуваат особините на своите партнери.
ХОРОСКОПОТ ВО ПРАКСА: Дознајте кои знаци се добри, а кои лоши возачи
Премини на следната страна >>