Доколку не работите во некоја голема компанија со навистина строги правила за облекување, носењето на патики на работа денес е сосема прифатлива работа.
Секако, ако го изберете вистинскиот модел и правилно ги комбинирате. Следат неколку начини на кои можете да носите патики на работа, од бели, преку сини, до модели со леопард принт, без да им паднете во очи на колегите и да добиете непријатни забелешки.
Главната работа е да не носите стари и искинати патики, туку да најдете еден пар навистина посебни патики, во убава боја или направени од интересен материјал.
Моделот на патики Yeezy Boosts на Адидас на пример е доволно ненаметлив и ќе помине незабележано доколку сте соодветно облечени нагоре. Значи, избирајте модели кои не привлекуваат внимание.
Наш совет за оваа пролет е да го изберете моделот Superstars на Адидас и да го носите буквално со сé – од стандардна комбинација со фармерки и блејзер до здолништа и фустани со кои сепак изгледаат женствено.