Реклама
Кариера

Грешки што не смеете да ги направите кога пишувате CV

Реклама

Барате работа и често го испраќате вашето CV и постојано очекувате некој да ве повика на разговор.

 

Маркетинг

Но, дали внимавате на следново кога го правите тоа?

Дали внимавате на грешките?

Маркетинг

Ако имате правопосни грешки, па дури и само неколку букви, тоа ќе остави лош впечаток кај работодавецот. Ќе мислат дека сте мрзелив и дека не сте многу заинтересирани за работата. Но, понекогаш е навистина тешко да ги воочите грешките, па затоа ве советуваме да го дадете вашето CV на некој друг да го прочита пред некаде да го испратите.

Дали ви е добар дизајнот?

Добро CV значи дека вие добро се презентирате. Доколку тоа не ви е средено, како ќе успеете ги убедите дека ќе направите добра презентација кога ќе имате состанок?! Затоа ве советуваме да се држите до следниве неколку правила: 1) бидете концизен и јесен, 2) користете класичен фонт, 3) личните податоци ставете ги на врвот, па дури потоа преминете на кариерата, тргнувајќи од сегашната работа па наназад.

Дали го менувате вашето CV во зависност од тоа каде аплицирате?

Доколку целото време испраќате едно исто CV верувајте дека многу често сте осудени на елиминација од самиот старт. Најважно е да го истакнете она што го бараат за работата за која што аплицирате. Доколку бараат компјутерски генијалец, тогаш наведете ги сите курсеви што сте го поминале кои се поврзани со компјутерите, а секако изоставете го одењето во теретана и сл.

Дали ја кажувате вистината?

Ова навистина е ризичното поле, бидејќи 31 % од луѓето кои направиле CV признаваат дека по малку претеруваат во опист на своите вештини како би ја добиле работата. Но, доколку ве откријат на интервју, работата сигирно нема да ја добиете – никој не сака да вработи човек на кого што не може да му верува.

Извор: b92.net

Поврзано

Back to top button