Реклама
Шминка

Нов козметички производ на бремената Кајли Џенер

Реклама

Покрај тоа што наскоро треба да се породи, таа лансираше и нов козметички производ преку социјалните мрежи …

Најмладата сестра од кланот Кардашијан- Џенер, Кајли, деновиве на свет треба да го донесе своето прво дете. И фотографијата што следува покажува дека Кајли и покрај медиумскиот молк на оваа тема, во секој момент може да стане мајка. Но покрај тоа, наскоро во продажба треба да се појави и нов производ од нејзината бјути линија.

Маркетинг

Имено, Кајли има само 20 години, но и мејк-ап империја во вредност од милиони долари, а на својата Инстаграм страна „Кајли Косметикс“ најави нова линија со сенки која се вика „Bleue Honey“ и која ќе биде достапна од 23 јануари. Иако сите производи досега ги има најавено и преку својот профил каде што ја следат преку 100 милиони обожаватели од целиот свет, таа овој пат направи исклучок односно новиот производ го сподели само на официјалниот профил на брендот на кој ја следат само 15 милиони обожаватели.

Маркетинг

Сенките се состојат од 15 нијанси, а доминираат топлите портокалови и розови бои, во комбинација со сина, нешто што многумина го протолкуваа како најава дека ќе роди машко дете.

Но дали тоа е така или не ќе видиме за мноооогу брзо време…

Фото: Инстаграм

Поврзано

Back to top button