Реклама
Портрети

По овој бренд лудуваат сите – но ретко кој знае дека нивните престижни производи се произведуваат на Балканот и дека нивните работници земаат плати кои се пониски и од оние во Македонија!

Реклама

Никогаш не би погодиле каде се произведуваат луксузните парчиња со потписот на Луј Витон по кои копнеат дамите од целиот свет.

И покрај тоа што од работилницата на познатиот бренд во Венеција се колнат дека ги изработуваат обувките како што тоа го правеле и нивните предци (овие податоци можете да ги сретнете насекаде во нивните кампањи и ПР текстови), и дека заради тоа наплаќаат од 500 до 1800 евра за еден пар, ситуацијата во реалноста е потполно различна. Имено, брендот кој го има најголемиот буџет за маркетинг на светот и кој на своите производи поносно го става она „Made in Italy”, всушност истите ги прави на Балканот, односно во делот од Романија кој е познат по вампирските приказни – Трансилванија!

Маркетинг

Фабриката во Романија многу добро ја чуваат од очите на јавноста. Менаџментот вели дека ги чинело многу мака местото да не се појавува на мапата на Гугл. На фасадата стои само препознатливиот Луј Витон дезен, а никаде не се спомнува ниту брендот, ниту името на фабриката. Еден француски документарец од 2014 година ги бележи сториите на неколку анонимни работници кои велат дека чевлите целосно се направени во Романија, а потоа се испраќаат во Италија каде им се додаваат само ѓоновите!

Маркетинг

И толку од нивната Мade in Italy приказна! Ова го потврди и Гардијан кои велат дека од фабриката се изнесуваат чевли кои се завршени до детаљ, освен ѓоновите. Луј Витон кој почна да прави обувки за аристократијата уште од 1850 година одржуваше висок квалитет на нивните производи, но денешните трендови на светскиот пазар ги натера да ги намалат трошоците за производство, па така патот ги однесе до романското гратче Киснадија кое се наоѓа во Трансилванија. Секако дека оваа тајна не можеше да остане скриена засекогаш, особено не денес во времето на дигиталната ера кога и само неколку селфи фотографии на работниците кои ќе бидат објавени на Фејсбук можат да ја разоткријат целата приказна.

Во фабриката работат преку 700 работници кои примаат (под)просечна плата за Романија, односно околу 8000 денари месечно! Тоа значи дека работник кој работи во оваа фабрика за да си купи еден од нивните најевтини модели би требало да работи минимум шест месеци!

Или да земе кредит!

Тогаш конечно се појавија и повеќе официјални податоци за работењето во фабриката. Врвот во менаџментот, како и материјалите доаѓаат од Франција. По главните работи производите се испорачуваат во Франција и Италија каде се довршуваат, па така ознаките направено во Франција или направено во Италија се сосема во склад со законите на Европската унија.

А за дамите кои го обожаваат овој бренд и кои како слепи трчаат по нивните производи ова воопшто не им е важно. За нив важно е само да стои препознатливото лого на производите, а дали чевлите или некој друг производ што го купиле и кој скапо го платиле се направени во Италија, Франција или на било кое друго место на планетава, и дали работниците што ги прават истите имаат за корка леб, или не можат да врзат крај со крај и кубурат за да преживеат, тоа е последното нешто за кое што се грижат.

Но, дали тоа треба да биде така?

Извор: theguardian.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button