Реклама
Фитнес

ВЕЖБАЈТЕ ЈОГА НАУТРО: Петминутни вежби со кои ќе имате многу повеќе енергија преку целиот ден

Реклама

Практикувајте ја само недела дена оваа вежба и веднаш ќе забележите дека напредувате и дека ќе се чувствувате многу подобро.

Дали знаете дека денот на една просечна личност се состои од преместување од лежечка во седечка позиција и обратно? А дали знаевте дека таквиот начин на живот многу негативно делува на вашето здравје? И покрај тоа што петминутната флуидна јога сеанса нема  никако да ви го реши овој проблем со движењето, таа е одличен почеток, а доколку ја практикувате секое утро, за само недела дена ќе забележите позитивна промена – помалку болка во грбот, подобра флексибилност, повеќе енергија. Па зошто да не го исполните утрото со позитивна енергија и активност?  Не ви треба ни премногу време ниту пак преголем простор, а нема да сметате ни на комшиите бидејќи станува збор за тивка физичка активност. Но, запомнете дека начинот на кој го одржувате вашето тело за време на јога е поважно од самата флексибилност, барем во почетокот. Затоа никогаш не напрегајте го вашето тело до граница на болка – утринското растегања треба да ви биде угодно и стимулативно, и не треба премногу да се растегате.

Маркетинг

Погледнете ја оваа згодна петминутна рутина која може да ви го разубави утрото, а со тоа и да ви го направи денот многу подобар и поквалитетен.

{youtube}djOAeyH5JTo{/youtube}

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button