Реклама
Секс

Искрена исповед од една жена: Маж ми ме фати како мастурбирам, па сега сме разведени

Реклама

Кога го запознав мојот сопруг, тој беше забавен, самоуверен и нежен.

 Кога го запознав мојот сопруг, тој беше забавен, самоуверен и нежен. Двајцата веќе бевме зрели и на пат да изградиме успешна кариера. Тој ме носеше на неверојатни места, патувавме каде што ќе посакавме, а покрај тоа одлично се забавувавме. А сексот? Сексот беше фантастичен.

Маркетинг

Потоа дојде бракот. А по некое време нашиот сексуален живот целосно се промени. Некогаш имавме неколку пати неделно, а сега се сведува на два пати месечно, и тоа ако имам среќа. Тој сé повеќе се оддалечуваше од мене и му требаше сé повеќе време за да се возбуди. Знаев дека во тоа време има многу проблеми на работа, но никогаш не сакаше да зборува за нашите проблеми во креветот, а доколку би споменала лекар, тоа би било вистинска експлозија од бес. Колку повеќе се обидував да зборувам со него, толку повеќе тој се повлекуваше во својата работа, сé додека не завршивме така што тој секоја ноќ спиеше во дневната соба. За нежности повеќе не можев ниту да сонувам, а како шлаг на тортата почна да ми зборува за жени кои му се допаѓаат. Некако бев уверена дека не ме изневерува, иако никогаш не го прашав отворено. Работата е дека веќе имав пропаднат брак зад себе, па не сакав повторно да поминувам низ истото.

Маркетинг

Бидејќи сакам секс, секако дека тоа ми недостигаше, па сфатив дека морам сама да се погрижам за своите потреби. Никогаш не криев дека мастурбирам, но тоа си го задржував за себе и никогаш не го правев во присуство на сопругот. Меѓутоа, една вечер тој влета во спалната соба баш додека мастурбирав. Бев во средина на играта со вибратор и претпоставував дека спие на каучот, како и секогаш. Секако не го очекував. Ситуацијата беше многу непријатна. Беше како синот тинејџер да влета во собата на мајката додека таа мастурбира. Тој беше шокиран и повреден. Почнавме да се караме и тој ми рече дека ова го сфаќа како тој самиот да не ми е доволен. Колку и да се трудев да му објаснам дека имам сексуални потреби, тој не можеше да сфати и ми рече дека треба повеќе да се трудам да иницирам секс. Ми рече дека поради брачното секојдневие има проблем да се возбуди кога ќе ме види и на крајот ми рече дека не го интересира ништо за мојата мастурбација и дека не сака никогаш повеќе да слушне за тоа. Бев засрамена и уште понесигурна од порано. Меѓутоа, после тоа успеав да го натерам да одиме на брачно советување.

Жените ги обожаваат овие три пози во сексот, а мажите не се сосема запознаени со нив >>

После неколку месеци обидување, двајцата сфативме дека тоа е крај на нашиот брак. Тој од бракот емотивно излезе уште пред многу месеци, а јас немав сила ниту волја да се борам за двајцата. Мојот сопруг тогаш можеше да постапи сосема различно и да ја прифати мојата сексуалност, а и да се обиде да ги поправи работите. Наместо тоа, тој одбра да ме критикува и да ме осудува. Така, сега сум разведена, и после долга работа со психолог, повторно дозволив да влезе маж во мојот живот.

Не лажат само жените во кревет: најчести причини поради кои мажите глумат оргазам >>

Но овој пат сосема отворено зборувам и го барам она што го сакам.

Знаете ли во кои години најчесто изневеруваат жените, а во кои мажите? >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button