Реклама
Хороскоп

Неколку интересни карактеристики за жените Јарци

Реклама

Често е многу внимателна и цврсто стои на земја.

1 jarec

Често е многу внимателна и цврсто стои на земја. На жената родена во знакот Јарец цел ѝ се ѕвездите. Таа е многу амбициозна и не прифаќа ништо друго ако не е совршено. Дамите родени во овој знак се многу практични и не сонуваат за невозможни работи. Таму каде што другите многу лесно се откажуваат, оваа дама не. Таа умее да ја согледа разликата помеѓу реалноста и соништата. Ретки се оние кои ќе успеат да ја излажат.

Маркетинг

Без оглед на тоа колку кревко изгледа, таа цврсто ќе се искачува кон целта и ќе се труди да ги оствари своите соништа. Кога нешто ќе ви вети, жената Јарец ќе се придржува кон тоа, без оглед на што било. Таа е многу трпелива и не брза да стигне до замисленото. Умее да чека, па ако сакате да научите како да бидете толерантни, тогаш учете од жените родени во овој знак. Нејзиното срце е исполнето со великодушност. Таа е многу верна пријателка и цврсто стои зад своите пријатели, и во добро и во зло. Одлична е во давање совети, а нејзините пријатели знаат дека секогаш можат да сметаат на неа.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button