Реклама
Препораки

Единствениот предизвик што ви е потребен за ова лето

Реклама

Море, сонце, песок, коктели, журки, весели луѓе и ние (секако во нашиот препознатлив стил) – ова е сé што ни е потребно за лудо и незаборавно лето!

Што најмногу сакате да правите во топлите летни денови? Претпоставуваме дека покрај уживањето на омилената плажа или пиењето кафе со пријатели (во дебела сенка), на врвот на листата ви е добрата забава која во овој период од годината е достапна во изобилство без разлика дали во кафуле, дискотека или на плажа. За да си поминеме убаво треба и да се чувствуваме убаво, што подразбира да бидеме супер расположени и добро облечени, нели? Ова е формулата за добра забава, а токму од тука потекнува и идејата за кампањата „Добар стил добра забава“ преку која во соработка со Trgovski.mk доделуваме три симпатични маици од новиот македонски бренд Factory. Па, ако сакате да имате во вашите плакари една од овие кропнати маици со интересни натписи кои што на фотографиите овде ги носи блогерката Дани Ѓуровска, бидете креативни и објавете на Инстаграм (или Фејсбук) фотографии од вашите омилени модни комбинации заедно со хаштагот #ДобарСтилДобраЗабава и #TrgovskiStyle.

Маркетинг

Кога ќе ги објавувате фотографиите не смеете да го заборавите следново:

1. Да го додадете хаштагот #ДобарСтилДобраЗабава и #TrgovskiStyle.
2. Да ја лајкнете страната на Трговски.мк на Фејсбук.
3. Да не означите на сликата со @stipkamagazine

Маркетинг

Што е тема на овој Инстаграм предизвик?

Без разлика дали ќе објавите фотографија од некоја луда забава или прошетка, сами или со вашите другарки, облечени во минималистички стил, или естраден шик, во краток металик фустан под светлото на рефлекторите, или пак во омилените фармерки кои никогаш не излегуваат од мода и култна бела маица, пред огледало или на кафе со друштво, во новиот костим за капење. или бикини, фотографирани на зајдисонце, покрај море, базен или езеро  или како и да сакате – забележете го вашиот моден избор и фотографијата објавете ја со хаштаговите #ДобарСтилДобраЗабава и #TrgovskiStyle. Најкреативните и најоригиналните фотографии ќе бидат објавени на Штипка и на Трговски.мк, а најдобрите ќе добијат и супер подароци.

Кликни тука и види ги маиците од Factory >>

Подароците се единствени и препознатливи – три маици (по ваш избор) од новиот македонски бренд Factоry кои со својот шарм ќе освојат секого, каде и да се појавите. Маиците имаат крој кој прилега убаво на секое женско тело, лесно се комбинираат и се одличен избор како за лудите летни забави, така и за релаксирани дневни летни изданија.

Вашите фотографии ги очекуваме до следниот понеделник, 31. 07 кога ќе ги соопштиме трите девојки кои ќе ги добијат подароците.

ВАЖНА НАПОМЕНА

Вашиот профил на Инстаграм мора да биде отворен за јавност, во спротивно нема да можеме да ги видиме вашите фотографии.

Наш совет:

Фотографиите можете да ги споделите на Инстаграм (или Фејсбук), но и да ги поканите пријателите да учествуваат и да ви ги „лајкнат“. Најдобрите и најкреативните фотографии (како и оние кои имаат најмногу лајкови) покрај тоа што ќе добијат подароци ќе бидат објавени и во посебна галерија на нашиот портал и на Трговски.мк .

Маиците можете да ги видите тука >>

Правила на Инстаграм:

Инстаграм не ја спонзорира, администрира ниту на кој било начин поддржува оваа промоција така што не е поврзан со неа на кој било начин. Доколку сакате да добиете некој од овие подароци, потврдувате дека се согласувате да ги следите правилата напишани од страна на Штипка и Трговски.мк, а не од страна на социјалната мрежа Инстаграм.

Фото: Darko Mitev Argona, Darko Mitev Argona, dgjurovska.wordpress.com

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button