Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Хороскопски знаци во кои се родени најголемите заводници, но и најголемите љубовници

Реклама

Дознајте во кои хороскопски знаци се кријат најголемите заводници, но и најголемите љубовници и како нив да ги освоите…

Рак

Како најемотивен и најчувствителен знак во Зодијакот, на Ракот му треба нежен допир и длабока емоционална поврзаност со својот партнер. Тој ја цени грижливоста и ќе забележи ако им помагате на другите. Тие се добри љубовници, а сексот со нив е одличен, затоа што тие уживаат во истражувањето. Но, доколку ја изневерите нивната доверба, тогаш подгответе се на жешка одмазда.

Како да ги заведите?

Маркетинг

Ракот најдобро може да се заведе со романтични гестови, во опуштена атмосфера. Посебно ќе им се допадне девојка која плени со интелигенција и има искрен пристап. Интересно е тоа што нив попрво би ги привлекла девојка која е спортски облечена, со згодно тело, отколку женска со штикли и скапа облека на себе.

Скорпија

Скорпијата има особена привлечност, а може и да манипулира со цел да ги задоволи своите сексуални апетити. Тие се одлични во креветот, а еден проблем е нивната неспособност да ги спојат емоциите во целата приказна. Којзнае, можеби пак вам ќе ви тргне од рака…

Маркетинг

Како да ги зведите?

Скорпијата е особено тешко да ја заведите, со оглед на тоа дека имаат манипулативни навики. Сепак, понекогаш и нивните бариери попуштаат, па ако го погодите моментот трудете се да се покажете во најдобро светло. Секако, треба постојано да внимавате што ќе изговорите, затоа што ако кажете некоја глупост, тогаш уште веднаш ќе бидете избришани од нивниот список.

Риба

Овој хороскопски знак ќе ви пружи многу задоволства во физичка смисла. Рибите сакаат да ги задоволуваат другите и најсреќни се кога се среќни и оние околу нив. Кога ќе ја запознаат љубовта на својот живот, тогаш тие секој проблем ќе го решаваат со леснотија.

Како да ги заведите?

Рибите сакаат агресивен пристап и не сакаат да учествуваат во заводнички игри, така што бидете особенов внимателни, но и отворени кога ќе решите да им пријдете.

Поврзано

Back to top button