Реклама
Новости

Хорор во Дубаи – позната манекенка скокнала од шести кат

Реклама

Позната руска манекенка скокна од облакодер за да се спаси од сексуален манијак

Руската манекенка Екатерина Стетсиук скокнала од шестиот кат во еден хотел во Дубаи. Убавата 22 годишна манекенка бегала од американскиот бизнисмен кој како што пренесуваат руските медиуми, сакал да ја силува и убие. Манекенката која по потекло е од Иркутск, источен Сибир, наводно не сакала да спие со споменатиот маж, поради што тој побеснал и почнал да и се заканува со нож под вратот.

Маркетинг

Мажот пред полицијата се бранел дека Екатерина го нападнала него, па морал да се брани. Поради тоа манекенката во моментов е во притвор во болничка постела, а мажот е задржан на аеродромот во Дубаи. Ако биде осуден поради нападот би можел да добие казна и до 15 години.

Маркетинг

„Мојата ќерка е позната манекенка во Иркутск, а неодамна замина на месец дена во Дубаи каде потпиша договор. Што се случувало таму знам само по она што таа ми кажуваше. Кај нас законите се поинакви и стравуваме како понатаму ќе се развива целата ситуација“ вели за руските медиуми мајката на Екатерина која планира да отпатува во Дубаи за да биде со својата ќерка.

Таа преживеала благодарение на чудо. Скршен и е рбетот, неколку пршлени и се здробено но за среќа, според прогнозите на докторите,  коскената срж и е неповредена. Во Русија наводно се шушка дека Екатерина се занимавала со ескорт, но нејзината мајка ги демантира овие гласини и ги замолува добрите луѓе да и дадат шанса да закрепне. Таа воедно собира и средства за лечење на нејзината ќерка за кое и се потребни околу 11.000 фунти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button