Патики кои можете да ги носите во сите ваши street style изданија.
Во изминативе неколку недели, за време на модните недели во Њујорк, Милано, Лондон и Париз можевме да видиме многу street style комбинации во кои познатите ИТ девојки ги носеа своите омилени патики во шик изданија. Што се однесува до моделите, тие најчесто ги избираат патиките Adidas Stan Smiths, Nike Air Max или Converse All Stars, а меѓу најпопуларните патики во светот на трендсетерките за оваа есен се најде и познатиот модел „Old Skool“ од еден од нашите омилени брендови кога се патиките во прашање, Vans. Станува збор за црно бел модел кој е популарен меѓу средношколците и во скејтерската субкултура и кој оваа есен дефинитивно ќе биде еден од најбараните модели. Погледнете!
Премини на следната страна >>