Нов тренд кој ни доаѓа од улиците на модните метрополи
Модните недели во најпознатите модни метрополи завршија претставувајќи ни ги новите трендови кои наскоро ги очекуваме да се појават и кај нас. Еден од клучните модни трендови кој со нетрпение чекаме да видиме како го носат и нашите девојки се панталоните кои потсетуваат на панталоните-хеланки кои беа популарни во 80-тите години. Станува збор за панталони кои како деца ги мразевме поради нивниот необичен изглед, но кои денес ни се враќаат на голема врата и кои не освоија на прв поглед со својот неодолив изглед. Тие го имаат оној „чуден“ еластичен додаток кој порано се носеше преку глуждот и стапалото, а денес би можеле да го носите дури и преку салонки, под самите високи потпетици.
Versace
Тие најпрво се појавија на ревиите на познатите модните куќи Balenciaga, Marni и Versace каде манекенките ги носеа токму на овој начин, а денес прекрасни варијанти можете да најдете и кај најпознатите комерцијални брендови H&M, Zara и Mango, како и на полиците на нашиот омилен онлајн бренд, ASOS. Сега останува само да видиме дали овие панталони-хеланки со својот популарен еластичен додаток ќе станат хит и на нашите улици.
ASOS
види повеќе » |