Реклама
Блог

#HerToo – хаштаг за сите жени што трпат сексуално насилство

Реклама

Една од најгласните години кога се во прашање женските права беше токму 2017

Хаштагот #MeToo кој крена глас против тишината во врска со сексуалното насилство над жените се појави благодарение на активистката Тарани Бурке и актерката Алиса Милано. Минатата година бевме сведоци на скандалозни приказни од Холивуд во кои познати личности како Харви Вајнштајн сексуално ги вознемирувале своите колешки. Токму затоа овие две дами го покренаа и новиот хаштаг #HerToo со кој секоја жена на овој свет може да им даде поддршка на жените кои што патат во тишина и да им покажат дека не се сами.

Маркетинг

Инспирација за хаштагот дојде од насловната на познатиот магазин „Time“. Покрај познатите дами кои јавно прозборуваа за насилството на фотографијата се гледа само лакто од една жена која не се осмелува да го открие својот идентитет. Токму затоа Тарана и Алиса во соработка со УНИЦЕФ Америка решија да ја продолжат борбата против насилството над жените.

Маркетинг

„За деветнаесет годишната Естер којашто милитантите на Боко Харам ја киднапираа од нејзиниот дом во Нигерија и ја продале на еден од водичите како сексуална робинка ние велиме #HerToo. За осумнаесет годишната Алиса од Португалија која нејзиното момче ја туркаше, удираше и вербално злоставуваше затоа што мислел дека не поминува доволно време со неа ние велиме #HerToo. За шеснаесет годишната Јаду од Америка која беше дрогирана и силувана и чие голо и несвесно тело го сликаа и од него направија Интернет меме ние велиме #HerToo. Се обврзуваме врз основа на моќта и солидарноста на хаштагот #MeToo да го присвоиме и споделуваме #HerToo. Естер, Алис, Јаду не сте сами!“ изјавија Тарана и Алиса за магазинот „The Guardian”.

УНИЦЕФ неодамна објави извештај кој го откри статистиките во врска со насилството над жените и девојките во целиот свет. На глобално ниво 90% девојки познаваат личност која сексуално ги злоставувала. Петнаесет милиони девојки во старост од 15 до 19 години ширум светот беа жртва на силување или некоја друг вид на сексуално насилство. Девет милиони девојки сексуално се злоставувани само минатата година. А само 1 % од нив побарал помош. Овие алармантни податоци зборуваат за големиот број на жени кои се плашат да го прекинат молкот. Тие се плашат од исмевање, срам, казна, вина, понатамошно насилство и одмазда против нив или од нивните семејства. Токму затоа крајно време е да направиме нешто со што ќе го подобриме животот на претставничките на понежниот пол. Време е со заштита, едукација и реформа на политиката да се стави крај на дискриминацијата и насилството против девојките, жените и децата од целиот свет. Со вистинските ресурси денешните девојчиња еден ден можат да станат лидери, претприемачи и жени што носат позитивни промени во општеството.

Кога ним ќе им биде подобро, оваа планета ќе биде многу подобро место.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button