Реклама
Хороскоп

ГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ЈУЛИ, 2016: Еден знак ќе добие пари од игрите на среќа, а за друг околностите ќе бидат поповолни. Што ве чека вас?

Реклама

Дознајте што ви носи јули во полето на љубовта, кариерата, семејниот живот…

july first

„Модата избледнува, само стилот останува ист“, изјавила Габриела Бонул “Коко” Шанел (1883 – 1971), француска модна дизајнерка, заслужна за ослободување на жените од стегите на „корсет-силуетата“. Се смета за најголем моден дизајнер, а нејзиниот мирис Шанел 5 стана икона. Таа е единствена дизајнерка наведена во Листата на 100 највлијателни луѓе на 20 век, на магазинот Тајм.

Маркетинг

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Јули ќе биде интересен и важен месец за вас во однос на финансиите. Решавање на различни документи поврзани со пари или од друга финансиска природа ќе има важни импликации за вашиот дом или семејството. Ќе добиете пари од државата или суд, од продажба, изнајмување… На работа и во деловните контакти бидете претпазливи во односите со млади луѓе. Може да добиете непрактична или некоректна понуда или предлог. Може да бидете предмет на измама од страна на младо машко лице, со манипулација или други непријатности на работното место. Проблеми може да произлезат од лица во знакот на Бик, Девица или Јарец. Можно е сами да создавате проблеми со мешање во ситуација на луѓе што не ги знаете. Вашите односи со децата и внуците ќе се развиваат нормално, освен ако не се справуваат со барањата или други работи поврзани со пари. Во таков случај, конфликти и тензии може да произлезат. Ќе очекувате нова можност за развој или за решавање на стари проблеми, планови и проекти. Имате надеж и очекување дека во јули ситуацијата и околностите ќе бидат поповолни за вас поради тоа што имате некој план. Интересна помош или поддршка ќе дојде од лица во знакот на Близнаци, Водолија или Вага. Ќе ве изненадат вести или настан поврзан со некој од семејството, како веридба или венчавка.

БИК (21 април – 20 мај)

Во јули, Биковите ќе имаат чести или необични соништа, визии или претчувства поврзани со луѓе што починале, не мора да се ваши роднини, токму спротивното. Тие ќе се однесуваат на ваши пријателства од минатото или луѓе кои ги знаете со години. Поволен месец на финансиски план за жените-Бик. Очекувајте пари или среќа поврзана со пари. Жените над 35 може да си ја пробаат среќата на лотарија или коцка, но не треба да користите голема сума пари. Здравствената состојба на лице од непосредната околина ќе биде причина за тага, беспомошност, конфузија. Без оглед на проблемот, тој не почнал вчера, ниту пак ќе заврши утре. Во јули, може да имате интересни средби или контакти со машко лице во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Поволен месец за патување за мажите-Бик, особено ако е поврзано со некоја специфична цел (не за туризам или одмор). Младите жени-Бик може да се очекуваат нова љубов или ново романтично познанство. Успех ги чека младите жени-Бик до 35 години и во нивниот личен живот и во работата, особено ако работат нешто што носи задоволство. Во јули, ќе имате многу прилики за состаноци и средби со луѓе од далеку и близина.

МЕЃУ НИВ ХЕМИЈАТА Е НАЈСИЛНА: 12 астролошки комбинации кај кои страста е неисцрпна, а љубовта фатална

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Во јули ќе имате средби, како и контакти и собирања. Ќе има многу тензија околу вас, а спорови, конфликти и расправии лесно ќе искрснуваат. Но, сè ќе заврши добро и ќе имате многу пријатни емоции. Среќата ќе ви дојде по пат на нов познаник или нов професионален контакт. Ќе бидете горди на успехот на вашето дете во училиште или во кариерата. Поволен месец за младите Близнаци да започнат ново училиште или нова кариера. Настани, планови и надежи од минатото ќе заживеат повторно со поголеми изгледи за успешно спроведување. Особено важна улога во вашиот живот ќе имаат лица во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Жените- Близнаци ќе имаат интересен љубовен живот, особено оние од вас кои ќе отпочнат ново познанство. Очекувајте повици и конкретни активности поврзани со пари што ќе ги добиете или заработите преку лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Поволен месец за судски и правни дејства од финансиска природа. Ќе се ослободите од голема болка, која дефинитивно ќе остане во минатото. Голем придонес за ова може да бидат активностите на машко лице во знакот на Близнаци, Вага и Водолија, но не задолжително.

РАК (21 јуни – 20 јули)

Во текот на овој месец, очекувајте средба или посета на девојка/млада жена. Ќе имате добра причина да се радувате поради супериорниот настап и позитивната енергија. Патувањата за младите жени-Рак ќе бидат поврзан со позитивни емоции или посебно исчекување. Сите финансиски прашања ќе се развиваат во интересна и позитивна насока за вас. Непријатно влијание врз вашата семејна или брачна врска ќе биде преку коментари или озборувања на лице надвор од вашиот дом. Ќе имате контроверзии од мешање на други луѓе (директно или не). Можно е да има обелоденување на неверство или нелојалност во семејство на роднини или пријатели. Ќе бидете загрижени од неочекуван развој на неприликите, кои влијаат врз вас или вашите блиски роднини. Можно е да се грижите за здравјето на некој свој или близок, што ќе биде како одговор на неодамнешен стрес или преоптоварување. Ќе добиете вести за момче или млад човек кои ќе ве натажат или разочараат. На мажите-Рак до 35 години ќе им биде одбиено барање, предлог, или апликација за нова работа или обука. И покрај некои негативни настани, неочекувани несреќи или сериозни загуби очигледно овој месец ќе биде плоден и успешен за вас. Ќе реализирате конкретни активности или настани кои ќе ви помогнат во текот на годината. Грижите поврзани со личност во знакот на Стрелец, Риби или Шкорпија ќе бидат избрзани и непотребни.

Која професија одговара на твојот хороскопски знак?

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Во јули, вашиот главен фокус ќе вклучи финансиски документи, добивање пари или кредит, сметки за плаќање и други парични прашања. Грижи за пари може да се случат во вашите односи со лица во знакот на Рак, Шкорпија и Риби. Неочекувана корист ќе имаат младите мажи-Лав. Може да бидете предмет на посебно внимание од момче или млад човек, кој ќе се обиде да ве изненади со подарок или друг знак на внимание. Неочекуван успех ќе се појави и за мажите- Лав. Ако имате син, јули ќе биде важен за неговиот развој, успех… Проблемите во јули (какви и да се) нема да ве изненадат. Ги очекувате, ги претчувствувате или ќе бидат резултат на ваша грешка, избрзана акција. Може да чувствувате тага, депресија или други негативни емоции како резултат на настани поврзани со блиска жена (најверојатно од семејство). Јули ќе биде поемотивен за жените-Лав над 35 години. Откривањето на тајни лаги, манипулација или друго непринципиелно дејствување на лице во знак на Близнаци, Вага или Водолија ќе ве натера засекогаш да ја прекинете врската со него/неа.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Во јули, Девиците ќе имаат поголема тензија или конфликт на работното место. Можно е да добиете информации, документи или да слушнете коментари поврзани со вашата работа, кои ќе предизвикаат конфликти и тензии. Ќе имате проблеми во врска со документи, кои ќе треба да ги организирате со одредена институција, компанија, банка… Овој месец, пријатни моменти може да ви донесе љубов или внимание од саканото лице. Интересен развој или пријатни моменти ќе се појават кај постоечкиот партнер/ка или нова љубовна врска. Ќе бидете во можност да ги обновите прекинатите пријателски, соседски или професионални односи и контакти. Некои од вас ќе имаат чудни искуства со некој кој починал. Ќе треба да се сеќавате на цело искуство да го запишете и проследите. Можеби ќе треба да одложите патување, или да поминете низ некои проблеми додека патувате или да добиете лоши вести од далеку. Ова е негативно време за судски и правни прашања поврзани со лица или институции од друго место. Финансиски прашања (трошоци или добивање пари) ќе се развијат со девојка или млада жена, веројатно во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Жените до 35 години ќе подлежат на стрес во врска со примање пари или нагодување на важен финансиски документ или договор. Важен состанок, разговор или собирање ќе биде поврзан со некој кој има врска со вашето семејство или вашиот дом, најверојатно во знакот на Јарец, Девица или Бик.

ЖЕНАТА КОЈА ЗНАЕШЕ АМА БАШ СÈ: Совети на Баба Ванѓа за долг и здрав живот!

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Во јули, голем дел од плановите или дејствијата што ќе ги преземете ќе имаат врска со бременост, дете или млад човек од семејството. Важна улога во овие настани ќе има лице во знак на Риби, Рак или Шкорпија. Ќе имате средби и разговори со лице/а за предлог, нова можност, иден проект… Гест на внимание, подарок или давање права врз недвижност ќе добиете од женско лице. Поволен финансиски месец за жените-Ваги над 35 и ќе се сеќавате на овој период поради материјална добивка. Губење мала количина пари или не толку скап предмет ќе ве натераат да рамислите за нечија лојалност, за ваше невнимание или наивност. Конфликтот со некој со кого споделувате интимни нешта и некоја лекомисленост или злоба ќе бидат достапни на друго лице/други луѓе. Јули ќе биде добар и успешен месец за вашата работа, со добар приход или добар развој на бизнисот. Можни се трошоци во врска со образование на дете или внук.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

За младите жени-Шкорпија, јули е поволен за финансиска стабилизација. Ќе имате можност за очекувани и неочекувани добивки од повеќе извори – добивка од лотарија или коцка, но не форсирајте си ја среќата со многу пари. Ќе има интересен развој на ново пријателство или нова шанса, добра среќа во врската со машко лице во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Пријател или пријатели ќе ви помогнат овој месец и ќе бидат ваш ангел- спасител во тешко време. Проблеми за патување поврзано со лице кое поради различни причини ќе создаде тешкотии и пречки за вас лично. Можно е да патувате во врска со нечие здравје, терапија или лекување. Очекувајте изненадувања, непредвидени настани или одлуки од машко лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Ќе имате соништа поврзани со почината личност и добро е да ја сфатите нивната порака. Ова е неповолен месец за парници за мажите-Шкорпија. Ако сте планирале големи промени за овој месец, дејствувајте претпазливо и бидете крајно разумни.

Се наближуваат одморите па еве ви совет од „Штипка“ за тоа како најдобро да го осигурате домот за време на празници и одмори

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button