И покрај тоа што ги откриваат сите недостатоци, кратките тексас шорцеви се едни од најпуларните парчиња и оваа сезона
Не постои девојка што ги нема во плакарите
Кога купуваме облека сите бараме нешто што ни стои убаво
Но кога температурите ќе бидат превисоки, сите се враќаме во истото парче кое ги открива сите наши недостатоци. Секако, станува збор за тексас шорцевите кои и ова лето им се едни од омилените на многу девојки.
А зошто да не, нели? Покрај тоа што секое лето постојат бројни интересни модели во продавниците и во нашите плакари секоја од нас има барем еден (или два) пара кои се совршен избор за овој период од годината. Во комбинација со маица на прерамки и обични апостолки (или „влакнестите“ папучи кои се хит ова лето) тие се основна униформа за на плажа, а нивната популарност лежи и во тоа што одлично се вклопуваат и во вечерните комбинации.
Се што ви е потребно е еден пар опасни високи потпетици, некое симпатично блузиче, ефектни обетки, две-три нараквици и вие сте подготвени да го освоите светот! Токму затоа девојките ги обожаваат, но и познатите модни блогерки на чии профили на Инстаграм можете да најдете бројни одлични инспирации како да ги носите и да изгледате шик.
Покрај тоа сега е и одлично време за попусти, а ние специјално за вас ги издвоивме најдобрите модели кои по редовна цена се движеа од 500 до 3000 денари.
Премини на следната страна >>