Реклама
Култура[тор]

Најголемиот скандал во американскиот спорт – како Тоња Хардинг ја уништи својата кариера

Реклама

Неделна филмска препорака

Овој пат ви го препорачуваме филмот што ја следи животната приказна на познатата американска лизгачка на мраз Тоња Хардинг. Во главната улога е брилијантната Марго Роби која заслужено доби номинација за Златен глобус во категоријата главна актерка во драмско остварување. Филмот настана како одговор на прашањето што медиумите си го поставуваат повеќе од 20 години – дали Тоња Хардинг знаеше и го организираше нападот на својата колешка Ненси Кериган. Филмот го претставува животот на Тоња, дивата, незауздлива но воедно и талентирана американска лизгачка на мраз која се најде во центарот на скандалот кога нејзината ривалка Ненси, која беше миленичка на публиката, беше брутално нападната од непознат маж со безбол палка со која доби удри по колената.

Маркетинг

За среќа ногата не и беше скршена, но снимката на која што во плач се прашува „Зошто баш јас“ вртеше постојано низ американските медиуми, а поради инцидентот започна медиумска хајка и апсење на виновниците со што беше уништена и кариерата на Тоња. Имено, за нападот беше обвинет другарот на нејзиниот сопруг со кој таа имаше бурна љубовна врска.

Маркетинг

Но, Тоња и покрај бурниот живот, беше дисциплинирана за тренинзи и тоа најмногу благодарение на нејзината тренерка Дијана Ровлинсон која беше со неа од самиот почеток на нејзината кариера. Таа најголемиот триумф го доживува на државниот натпревар во 1991 година кога ќе остане забележана во историјата како прва лизгачка на мраз која го направи комплицираниот скок – троен аксел. До тогаш овој скок беше резервиран само за машките лизгачи и тоа поради брзината и силата што е потребна за да се изведе успешно еден ваков скок. Таа го освојува првото место на натпреварот додека нејзината ривалка Кериган ќе го освои сребрениот медал. Следуваа Олимписките игри каде што потфрли и заврши на четвртото место, а Кериган го освои бронзениот медал. Поради неуспехот започна бранот на аутодеструктивност кај Тоња. Таа ќе ја отпушти својата тренерка, ќе почне да пие алкохол, да пуши цигари, ќе се поправи… На сите следни натпревари завршуваше под просек и медиумите пишуваа дека нејзината кариера е завршена и тоа уште пред да започне. На крајот Тоња се откажува од лизгање и ќе почне да работи во ресторан за брза храна за да преживее. Но наскоро ќе се појави нејзината поранешна тренерка Дијана Равлинсон која ќе се смилува и ќе одлучи да ја подготви за следните Олимписки игри.

{youtube}ms5Xk2vobiM{/youtube}

Тоња почнува да тренира напорно за да и покаже на јавноста дека се уште може да биде меѓу најдобрите, а за тоа време Кериган беше на врвот на својата слава и воедно преставуваше голема пречка за плановите на Тоња.

Тука започнува и заплетканата приказна која и ден денес не е разрешена.

Имено, Тоња заедно со својот сопруг Џеф и еден негов пријател прават план како да ја заплашат Ненси Кериган за да ја деконцентрираат да потфрли на квалификациите. Тие и испраќаат писма во кои и се закануваат со смрт ако реши да се натпреварува на денот на квалификациите. Следува вистински напад на Ненси од страна на непознат маж по еден нејзин трениг, што наводно не било дел од планот на Тоња и Џеф. Но полицијата го истражува случајот и делото му го препишува на Џеф и неговиот пријател, а Тоња која ќе настапи на Олимписките игри и ќе доживее мал нервен слом на мразот поради целата ситуација, по враќањето во Америка судот ќе ја осуди со голема парична казна, добротворна работа и доживотна забрана да се натпреварува во уметничко лизгање поради вмешаноста во целата ситуација со Кериган.

Тоња од тогаш ќе промени неколку професии, а две години ќе биде и професионална боксерка. Таа денес повторно е во фокусот на јавноста поради филмот кој се уште не дава одговор на прашањето дали нападот бил нејзина идеја или и самата на некој начин била жртва на целата ситуација која излегла од контрола и со која на почетокот диригирал нејзиниот сопруг.

{youtube}OXZQ5DfSAAc{/youtube}

Па, ако ве интересира целата ситуација, погледнете го филмот „I, Tonya”

Извор: Buro247.com

Поврзано

Back to top button