Реклама
Трендови

Ова се најатрактивните чизми за оваа сезона, а Емина Јаховиќ и Лила Филиповска изгледаат неверојатно секси во нив

Реклама

На некои жени едноставно се им стои убаво

Веќе неколку години по ред чизмите кои се високи преку колена важат за најпопуларен модел без разлика дали се направени од класична кожа, кадифе или од сатен. Тие изгледаат мошне атрактивно и секси, а единствениот проблем е што не им стојат убаво на сите.

Маркетинг

Имено, жените со тело во форма на јаболко и со понизок раст во вакви чизми би можеле да изгледаат проблематично. Затоа ако сте ниски, избирајте модели кои не се превисоки и носете ги во еднобојни комбинации. Од друга страна пак дамите со бујни гради и колкови треба да избегнуваат да носат вакви чизми со прекратки фустани и здолништа – во спротивно би можеле да изгледаат евтино и вулгарно – за нив најдобар избор се оние со рамни потпетици.

Маркетинг

Што се однесува до познатата пејачка Емина Јаховиќ која деновиве е во центарот на вниманието поради разводот со Мустафа Сандал неодамна на социјалните мрежи објави фотографија на која во преден план се длабоките црни, кожни чизми кои досегаат дури до средина на нејзините бутови. Таа ги носеше со црн шорц и атрактивна полупроѕирна кошула со златни риги, во комбинација со впечатлив црн ремен со големи златни токи.

https://www.instagram.com/p/BgTRfwOgS1p/?taken-by=lilafilipovska

Вакви чизми оваа зима „фураше“ и нашата водителка Лила Филиповска. Таа нејзиниот женствен модел со високи потпетици го носеше во комбинација со краток бел фустан и „оверсајз“ плетена наметка, а резултатот како што можете да видите и самите беше одличен

https://www.instagram.com/p/BgJ2LcjAtr1/?taken-by=lilafilipovska

Покрај воој модел таа во изминатиов период сподели уште неколку фотографии со овој тренд со кој нејзините нозе изгледаат убаво и секси.

https://www.instagram.com/p/Be5lcvcAbRZ/?taken-by=lilafilipovska

Поврзано

Back to top button