По 13 години брак, реши да го остави– Трамп цело време ја изневерувал својата сопруга

Уште еден развод во светот на познатите

Овој пат во прашање е семејството на претседателот на Америка. Имено како бомба одекна низ целиот свет веста дека Доналд Трамп Џуниор се разведува од Ванеса Трамп иако веќе подолго време се знае дека во нивната љубов не цветаат рози. Како што пренесуваат странските медиуми, главна причина за разводот била скржавоста на младиот Доналд. Ситуацијата одела до таму што неговата сопруга понекогаш морала да позајмува пари од својата мајка.

ADVERTISEMENT

Другата работа која Венеса не можела да ја поднесе е што нејзиниот сопруг речиси никогаш не бил дома. Таа се нервираше и заради тоа што Доналд во јавноста постојано се претставувал како грижлив татко и совршен сопруг, а според нејзините тврдења, фотографиите што се појавувале во јавноста биле исценирани и вештачки.

Пејачката Обри Одеј

Но сега се појави и вистинската причина за распадот нивниот брак, а тоа е дека тој веќе со години ја изневерувал. Имено Трамп Џуниор во 2011 ја запозна музичарката Обри Одеј и на почетокот нивната врска била сериозна иако тој веќе неколку години бил во брак со Венеса. Обреј опасно се вљубила во Доналд, но тие наводно престанале да се гледаат во 2012 . Сопругата на Доналд во меѓу време ја пронајде и нивната електронска пошта и најверојатно тоа е главната причина поради која сега се разведува од него.

Нивниот брак траеше од 2005 година, и заедно имаат дури пет деца – Доналд III, Каи Мадисон, Клои Софија, Тристана Милос, Спенсер и Фредерика.

Facebook Comments
No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.