Оваа популарна, здрава и нискокалорична диета со ориз трае три недели во текот на кои можете да изгубите до 15 килограми.
Диетата со ориз за прв пат се појавила во далечната 1937 година, а ја осмислил германскиот физијатар Волтер Кепнер проучувајќи ги пациентите со повишен крвен притисок и дијабетес. Тој дошол до заклучок дека пациентите со дијабетес и хипертензија кои јаделе ориз секој ден имале помалку здравствени проблеми.
Диетата со ориз се состои од јадења со ориз, овошје, зеленчук, многу здрави пијалаци и месо во многу мали количини. Денес диетата со ориз има многу поширока примена и неа повеќе ја користат лицата со прекумерна тежина, а не само лицата со здравствени проблеми. Диетата трае три недели во текот на кои треба да изгубите до 15 килограми.
Диетата со ориз е нискокалорочна диета со многу малку сол. Освен ориз, вклучува и други здрави јадења со малку калории. Може да се јаде и бел и кафеав ориз, а ориз можете да јадете и за сите три оброци. Во комбинација со физички активности и вежби за многу кратко време ќе ги забележите резултатите.
Самата диета се состои од три фази. Во првата фаза која трае седум дена треба да се придржувате на основната диета со ориз така што првиот ден ќе внесете околу 800 калории и околу 50 милиграми сол. За секој оброк можете да изедете по две овошја, а исто толку можете да изедете и храна во облик на скроб.
Останатите 6 дена треба да се придржувате на млечно-вегетаријанската диета со ориз. Во исхраната можете да додадете и млечни производи со што во организмот ќе внесувате околу 1000 калории и 300 милиграми сол. Оваа диета налага скроб и овошје за појадок и три видови на зеленчук, скроб и еден вид на овошје за ручек и вечера. Во оваа прва фаза треба да изгубите до 12 килограми.
Втората фаза исто така трае 7 дена, со тоа што еден ден ќе се придржувате на основната диета со ориз без млечни производи додека во следните 5 дена во исхраната ќе додадете млечни производи (млечно-вегетаријанска диета со ориз). Последниот ден од втората фаза започнете со месната диета со ориз. Појадокот треба да се состои од два видови скроб и овошје, а за ручек и вечера треба да јадете три вида зеленчук и скроб, како и овошје. Дневно ќе внесувате над 1000 калории и околу 500 милиграми сол. Во третата фаза се додаваат дополнителни 200 калории и во оваа фаза загубата на килограми полека престанува. Во еден оброк се додава и месо.
Основна диета со ориз – 800 калории
Појадок: два вида скроб (леб, варен ориз, варен грав, тестенини), два вида овошје
Ручек: два вида скроб, два вида овошје (банана или некое друго овошје)
Вечера: два вида скроб, два вида овошје
Млечно-вегетаријанска диета со ориз – 1000 калории
Појадок: еден вид скроб, еден вид нискокалоричен млечен производ (млеко, јогурт или свежо кравјо сирење),еден вид овошје
Ручек: три вида скроб, три вида зеленчук, еден вид овошје
Вечера: три вида скроб, три вида зеленчук, еден вид овошје
Месна диета со ориз – 1200 калории
Појадок: два вида скроб, еден вид овошје
Ручек: три вида скроб, три вида зеленчук, еден вид овошје
Вечера: три вида скроб, еден вид месо, три вида зеленчук, еден вид овошје
Пример за мени
Појадок
Мени 1:
една шолја свежо овошје
една шолја кафеав ориз
суви сливи или овесна каша
чај или кафе (без шеќер)
Мени 2:
една шолја кафеав ориз
едно парче интегрален тост
пола диња
еден свежо исцеден сок од портокал
чај или кафе (без шеќер)
Мени 3:
половина јаболко
една шолја кафеав ориз
1 парче пржена шунка
смокви и суви сливи
чај или кафе (без шеќер)
Ручек
Мени 1:
1 шолја кафеав ориз со една шолја мешан зеленчук
пола шолја немасно свежо сирење
чај или кафе (без шеќер)
Мени 2:
1 шолја кафеав ориз
салата од домати- половина шолја свежо немасно сирење и еден домат зачинет со оцет и ароматични зачини
Мени 3:
една шолја пудинг од ориз
еден свеж морков
две шолји мешан зеленчук – морков, зелка, цвекло, ротквица, и салата од домати
чај, кафе или немасно млеко (без шеќер)
Вечера
Мени 1:
една шолја рижото
100 гр. пилешки гради
пола шолја моркови
една круша
чај или кафе (без шеќер)
Мени 2:
една и пол шолја рижото со пилешко
еден свеж домат
две свежи сливи
чај, кафе или немасно млеко (без шеќер)
Мени 3:
една шолја пржен ориз
една шолја кинеска мешавина на зеленчук
еден портокал
чај, кафе или немасно млеко (без шеќер)
Ако се одлучите за оваа диета, потрудете се оброците да ви бидат слични со нашите предлози со тоа што во зададените рамки можете да ги изберете намирниците кои најмногу ги сакате. Многу е важно однапред да ги планирате оброците за во случај на глад да не изедете нешто што не треба. Потребна е силна волја и упорност за да ја спроведете оваа диета, но на крајот трудот ќе ви се исплати. Ако имате какви било здравствени проблеми задолжително консултирајте се со доктор пред почетокот на диетата.